Еве зошто Мики овие зборови на Цеца нема никогаш да ги заборави – погледнете и како ѝ се заблагодари
Еве кој на Мики Секуловски уште по првиот настап му порача дека ќе биде голема ѕвезда

Мики со освоеното второ место ги воодушеви сите
Велешанецот Мики Секуловски ги воодушеви сите со освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“.
Шармантниот 36-годишен пејач уште кога прв пат се појави на сцената многумина беа сигурни дека ќе стигне до финалето, но како што и самиот откри деновиве пред камерите на „Гранд“, тој ни самиот не се надеваше дека ќе успее да биде меѓу најдобрите.
Но публиката го кажа своето и масовно гласаше за него, иако сега малкумина се сеќаваат на неговиот прв настап во шоуто.
Принтскрин/Ѕвездите на Гранд
Имено, Мики уште во првиот круг покажа дека е некој што ќе дотурка далеку во шоуто, а неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ не го криеше задоволството што тој заврши во нејзиниот тим.
Тој едноставно доминираше на сцената и по самото појавување го стекна статусот на ѕвезда, нешто што ретко се случува во ова шоу.
Принтскрин/Ѕвездите на Гранд
Тогаш многумина за него пишуваа дека ќе може да го надмине и Исак Шабановиќ, а Марија Шерифовиќ веднаш му порача дека е одличен и дека со неговото фантастично пеење може да биде ѕвезда, а не само Гранд ѕвезда, што на крај Мики успеа и да го докаже освојувајќи го во финалето високото второ место.
Принтскрин/Ѕвездите на Гранд
Мајсторе, ти си готов производ. Александар Јосифовски доби сериозен конкурент во оваа приказа. Тако се пее во Македонија“, му порача тогаш Ѓорѓе Давид, а Сапа Поповиќ го праша каде бил досега.
„Се занимавав со музика, но задните пет, шест години не. Бев во Белгија, работев како келнер“, изјави Мики пред жирито.
Принтскрин/Ѕвездите на Гранд
Тогаш неговата менторка Цеца Ражнатовиќ коментираше дека не го дава ни за жива глава, а како сето тоа изгледаше, потсетете се од фотографиите и видеото во продолжение…
Принтскрин/Ѕвездите на Гранд
Инаку, тогаш Цеца во еден момент му порача да не се грижи, бидејќи и да испадне од шоуто, ќе настапува со неа, по што Секуловски и испрати бакнеж од сцената и ги воодушеви сите со овој потег.
„Ако испаднеш, Мики пееш со мене. Не го давам на никој“, заклучи тогаш Цеца пред камерите на Гранд.