Ова лето носете розово од глава до пети
Според фотографиите на познатите Инстаграм дами розовите нијанси ова лето ќе бидат еден од водечките трендови.
Откако во 2015 стана хит во светот на модата, најверојатно поради „rose quartz“ нијансата на Ајфонот, оваа боја можеме да ја сретнеме на секаде – од омотите на музичките албуми, постерите на филмовите (сетете се на “The Grand Budapest Hotel”), на фасадите од зградите, мебелот, а посебно на тренди облеката и модните додатоци што можеме да го видиме и од продавниците во Македонија, но и од нашите девојки кои веќе „на големо“ ја носат.
Таа стана една од водечките бои на црвените килими на сите фестивали, а доминираше и на последната Мет гала. Ја носат и деловни жени кои и на состаноци одат во розови костуми со строги кроеви, а посебно популарни се и малите розови фустанчиња кои потсетуваат на Фламинго.
Тоа дека розовите нијанси не се веќе резервирани само за малите девојчиња и Барби куклите ни е јасно на сите, па погледнете како да ги носиме и неколку интересни модни парчиња во оваа боја.
Шопинг предлози:
VETEMENTS – костим за капење £255
VETEMENTS – костим за капење £255
VETEMENTS £471
VALENTINO сандали £575
TABITHA SIMMONS £480
STUART WEITZMAN £300
NIKE Air VaporMax 2019 £200
MARNI £567
MALONE SOULIERS £396
L’AGENCE £297
JIMMY CHOO £330
DOLCE & GABBANA £521
DIANE VON FURSTENBERG £375
CONVERSE + JW £92
ALLUDE £351