Војвотката од Кембриџ во последно време се повеќе привлекува внимание со своите интересни модни комбинации.
Иако нејзиниот стил модните гуруа го опишуваат како елегантен, но соодветен за 21 век, Кејт решила да го освежи плакарите со нови, интересни и пред сé не така скапи брендови во кои досега ја немаме видено. Нејзиниот стил долго време го споредуваат со стилот на Меган Маркл, па понекогаш нејзините изданија изгледаа монотоно во споредба со префинетиот стил на поранешната американска актерка.
Но по се изгледа на Кејт и здосадило да слуша лоши коментари на сметка на својот стил на облекување, па решила да направи неколку промени во своите плакари додавајќи ги на листата меѓу своите омилени брендови и некои нови во кои порано многу ретко или воопшто не ја гледавме.
И бидејќи кралскиот буџет наменет за облека и модни додатоци Кејт мора да го дели со сопругот, но и Хари и Меган, како и со принцот Чарлс и војвотката Камила, таа научила како паметно да располага со парите, што можеби е само уште една причина зошто овој пат посегнала и по оние брендови кои може да си ги дозволи и пошироката јавност.
Па така покрај престижните модни куќи како „Elie Saab“ и „Manu Atelier“, 37-годишната војвотка во своите плакари додаде облека со потписот на францускиот бренд „Sandro“, шпанскиот „Castañer“ и сестринскиот бренд на „Zara“, „Massimo Dutti“ кој исто така е од групацијата „Inditex“.
Но покрај овие убавата војвотка од Кембриџ во изминатиов период можевме да ја видиме и во многу други брендови чии модели и не се така скапи.
Ridley
Камила Ридлеј е сопственичката на овој бренд која го основаше во 2016 со цел да направи облека во која жените ќе се чувствуваат удобно, убаво и самоуверено во своја кожа. Иако секое парче облека го шие по нарачка како секој муштерија би добил совршен производ по сопствена мерка, нејзините производи се далеку поевтини од оние од високата мода.
Castañer
Кејт ги обожава еспадрилите со потпетици од плута од овој познат шпански бренд и покрај тоа што кралицата Елизабета II не ги „мириса“ воопшто.
Иако овој бренд не е новитет во нејзиниот плакар, фактот дека во само неколку дена три пати се појави во еспадрилите од овој бренд модните критичари секако дека го забележаа. Војвотката ги внесе во својот секојдневен стил на облекување, што на кралицата нема да и се допадне.
& Other Stories
Едно од поголемите изненадувања е цветниот фустан со макси крој со потписот на хај-стрит брендот & Other Stories.
Ефектниот фустан се продава по цена од 89 фунти.