Еве зошто Македонката што го освои целиот Балкан 2023 година ќе ја памети засекогаш во животот
Во 2023 година и се случи најубавата работа во животот која нема да може никогаш да ја заборави

Младата пејачка го освојува регионот
Славица Ангелова беше гостинка во емисијата „Гранд Парада“ каде зборуваше за својот приватен живот, но и како и се одрази во кариерата победата во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Како што самата вели, 2023 ќе ја памети по победата во популарното шоу и тоа е нешто што нема никогаш да го заборави.
„Се обидувам да останам позитивна, но дефинитивно мојата победа ја одбележи 2023“, изјави младата пејачка за Гранд.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Инаку, шармантната струмичанка за дочекот на Нова година настапи во Будва заедно со уште неколку познати имиња како Тони Цетински, групата Ван Гог, нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Таа деновиве го прослави и својот 22 роденден, кога доби бројни честитки од своите колеги и обожаватели.
Повеќе за ова прочитајте тука...