Реклама
Хороскоп

Еве зошто луѓето што се родени во декември се посебни

Реклама

Луѓето родени во декември, последниот месец од годината, на многу начини се посебни. Во продолжение прочитајте некои интересни работи за нив

Декември – најчесто најстуден месец во годината, а во многу случаи и највесел. Луѓето кои пристигнаа на овој свет во 12-от месец, се родени со хороскопски знак Стрелец или Јарец. Една студија покажа дека тие биле многу мирни и дисциплинирани во детството. Нивниот камен на раѓањето е тиркизот кој се смета за еден од најстарите камења во историјата. Познат е како симбол на мудрост и заштита, и се верува дека носи моќ и среќа. Од друга страна пак, цвет според раѓањето за луѓето кои се родени во декември е нарцисот.

Маркетинг

Тиркиз – каменот на родените во декември

Лицата родени во 12-от месец се поделени во четири групи, а подолу видете ги главните карактеристики на секоја од нив.

Маркетинг

Од 1 до 8 декември

Оние што се родени во овој период се отпорни на проблеми. Главните столбови на нивните животи ги прават конзистентноста и стабилноста. Некои изгледаат на прв поглед малку арогантни, но всушност тие се полни со здрава самодоверба поради што емоционално послабите луѓе ги доживуваат како избувливи. Тие имаат силна волја и се одликуваат со храброст. Тие се многу социјални и сакаат да бидат меѓу луѓе.

Од 9 до 15 декември

Ако ви треба некој да се вклучи во конструктивен разговор или рамо за плачење, луѓето што се родени во овој период сигурно ќе ви помогнат. Тие се одлични доколку имате потреба некој да ви даде совет, моќни и одлично се снаоѓаат кога ќе се соочуваат со некој вид на проблем во животот. Тие се способни да ги решаваат проблемите, и сопствените и другите. Решителни се и посветени на постигнување на своите цели.

Од 16 до 22 декември

Овие луѓе се чини дека се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни иднивидуалци кои веруваат во слобода и живеат според сопствените правила, без да се оптоваруваат со мислењата на другите луѓе. Тие се многу длабокоумни и совршено се снаоѓаат на работни места за кои е потребна добра концентрација. Тие имаат развиено чувство за мода и нивните разиграни комбинации секогаш привлекуваат внимание.

Од 23 до 31 декември

Нема да најдете пооптимистичка личност од оние родени во овој период на декември. Тие се многу емотивни и социјални, а оваа комбинација резултира со голема посветеност на семејството и пријателите. Кога станува збор за пријателство, оние што се родени во овој период од годината се многу пребирливи и не дозволуваат лесно нови луѓе да влезат во нивниот близок круг, а кога ќе го направат тоа, значи дека стекнале доверба во нив. Тие се креативни и полни со одлични идеи и многу сакаат да патуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button