Реклама
Холивуд

Еве зошто луѓето веруваат дека Меган Маркл веќе се породила

Реклама

Дориа Рагланд, мајката на Меган Маркл, пристигна од САД и во Велика Британија, а јавноста е убеден дека дошла да ја види својата внука.

И како што пишува „The Sun“, 62-годишната Рагланд деновиве допатувала од Лос Анџелес, и бидејќи Меган и Хари најавија дека нема да го покажат бебето во јавност веднаш откако ќе се роди, многумина веруваат дека мајката на војвотката е дојдена бидејќи Меган веќе се породила.

Маркетинг

И како да пишуваат медиумите, Рагланд ги откажала своите часови по јога, платила дадилка за своите кучиња и ги замолила пријателите да се грижат за нејзината куќа во лос Анџелес додека таа е во Лондон. „Впрочем како и секоја мајка, Дориа сака да биде со својата ќерка во овие моменти“, изјави изворот за британскиот „The Sun“.

Маркетинг

Во соопштението што принцот Хари и војвотката од Сасекс неодамна го испратија до медиумите, објаснија дека поранешната актерка нема да се породи во болницата Сент Марија, каде се породија и принцезата Дијана и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, и испратија порака дека најпрво сакаат сами да бидат со бебето пред да го покажат во јавност.

Меган не е првата дама од кралското семејство која сака да се породи дома. И Кралицата Елизабета своите деца ги роди надвор од болницата, во Бакингемската палата и во резиденцијата Кларенс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button