Реклама
Модни совети

Еве зошто Кејт Мидлтон купува обувки со три различни величини

Реклама

И ова го прават и многу други познати девојки

Кејт Мидлтон има завидна колекција со високи потпетици и тоа не е некоја нова вест. Но она што ретко кој го знае е дека војвотката од Кембриџ купува три различни величини на чевли во зависност од тоа за кој бренд станува збор. Имено, високи потпетици и чевли од Џими Чу купува во величина од 38.5 додека од Руперт Сандерсон 38.

Маркетинг

Кога се во прашање сандалите со потписот на Л. К. Бенет војвотката носи 39 бидејќи во прашање се обувки со отворени прсти, па сака да избегне да и отечат стапалата на некој настан на кој подолго време треба да ги носи

Маркетинг

Инаку, Кејт не е единствена од кралското семејство која понекогаш носи чевли кои се еден број поголеми. И војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го користи истиот трик за да се чувствува удобно и за да ги избегне плуските.

„Познатите дами често носат малку поголеми чевли на црвениот килим за да ги избегнат плуските. Се зависи од тоа како се чувствувате кога ќе облечете чевли и кога малку ќе чекорите во нив, понекогаш е подобро да пробате и поголема величина од онаа што нормално ја носите“, вели модната уредничка на магазинот „Hello“, Рајчел Стори.

Како безбедно да носите високи потпетици кои малку ви се големи

Таа додава и дека постои тајна како да чекорите во високи потпетици кои малку ви се големи.

Познатите дами најчесто ќе го обложат палецот со памук за да го пополнат просторот пред прстите, а во случај ако почне да ви пречи, памукот само ќе го извадите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button