Еве зошто и Боки 13 може вода да и носи на ова издание нашата позната ФОЛКЕРКА – тесни фармерки, а во рацете најскапите чанти!
Опа бато, Луј Витон!
Ни нашата позната пејачка Елена Велевска не им одолеа на најскапите модни брендови, па во својот елегантен дамски стил додаде и малку дизајнерски шмек.
Македонската пејачка Елена Велевска која деновиве беше во Турција објави фотографија од патувањето.
Од нејзината објава можевме да видиме како пејачката е облечена за патување во авион, но и дека личните работи ги носи во торби од светски познатиот бренд кој важи за еден од најскапите, но и еден од омилените на многу познати ѕвезди. Во прашање се модели од модната куќа Луј Витон, бренд кој во Македонија стана познат и по аферата на Богдан Јовановски попознат како Боки 13, кој токму во една ваква чанта ги доби милионите од Камчев за кои потоа беше осуден и сега е на издржување на долгогодишна казна.
Во прашање се чанти кои чинат и по неколку илјади евра, а кои им се омилени и на нашите познати фаци.
Елена Велевска облечена во тесни фармерки и бело сако носеше класична чанта и голема торба од познатиот дизајнерски бренд.
Како таа изгледаше, но и колку навистина чинат некои од најновите модели на познатиот бренд, погледнете во галеријата…
Инаку и Боки во своите плакари ги имаше најскапите модели од овој бренд, а некои од нив погледнете во продолжение…
Најбараните модели од Луј Витон
$5,159
$4,955
$3,326
$3,913
$64,650
$10,106
$3,058
$4,519
$2,633