Реклама
Секс

Еве зошто искрените жени се најголем тест за секој маж

Реклама

Повеќето мажи како главна и основна работа што ја бараат од жената ја наведуваат искреност, но кога ќе сретнат таква дама во животот брзо сфаќаат дека сценариото и не е баш онакво какво што тие очекуваат.

Искрената жена ја има таа непријатна навика да биде искрен во сé и по секоја цена. А тоа може да биде и непријатно …

Маркетинг

НЕ се колеба да ви ја каже вистината

Можеби за нешто и ќе се поколеба, но на крајот секако ќе ви ја каже вистината, бидејќи тоа е она што најдобро ги знае. Оваа вистина може да биде нешто смешно, но и болно, срамно, па дури и крајно неповолно за неа, или крајно предизвикувачки за вас, но таа ќе ви ја каже, онаква каква што е.

Маркетинг

Ако не сте навикнати на отвореност и непосредност, ќе ве изненади, а најверојатно и ќе ве збуни, но тоа е ваш проблем, а таа и на тоа ќе ви обрне внимание.

Поставува непријатни прашања

Можеби нејзината прашања се премногу длабоки, или премногу лични, бараат да размислите за чувствителни нешта кои вие можеби радо ги потиснувате, или отвораат болни теми, прашања на кои не би одговориле. Со непријатни прашања и уште потешки одговори, таа е целосно на свој терен, а вие – на лизгав. Затоа понекогаш се чувствувате нелагодно кога сте покрај неа, но само не сте подготвени за нејзиниот карактер.

Ги руши вашите бедеми

Искрената жена знае дека сигурно имате одбранбени механизми и емоционални ѕидови кои само треба да се срушат а таа тоа и го прави. И е мошне супешна во тоа. Таа ги преминува границите и точно ги лоцира слабите точки во вашите бедеми. Со неа сте постојано надвор од зоната на комфорот и малку се плашите од она што следно ќе произлезе кога сте со неа, но можете да биде сигурен во едно – што и да прашате, ќе добиете искрен одговор.

НЕ игра емотивни игри

Верува во вистинска љубов и ништо што е помалку од тоа не ја интересира воопшто. Ако сте научени на емотивни игри, на скриени значења и имате потребата нечии зборови и однесување да ги толкуваат и откривате, ќе бидат затечени. Кај неа сé е отворено и подобро ви е да верувате кога ќе ви каже дека нешто не е онака како што е, отколку да сте во потрага по скриеното значење и да се прашувате што е она што со тоа сакала да го каже или да го постигне.

Можеби непријатно се чувствувате што некој толку ги изложува своите желби и очекувања, можеби мислите дека жената треба да биде мистериозна и таинствена, да ви дозволи да ја разоткривате и дека љубовта треба да биде романтична и опојна, но тогаш силно ќе се намачите со искрена жена. Таа е и романтична и нежна, но во исто време практична и не страда од глупости. И многу подобро од вас знае што е љубов.

Обидете се да научите нешто од неа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button