Жената Близнак е забавна, социјална, магична и провокативна. Таа сака да запознава нови луѓе, но нема многу интерес за долги љубовни врски.
Таа е непредвидлиа и нејзината социјална и пријателска маска многу брзо може да ја замени со дистанцирање и ароганција. Од потенцијалниот партнер бара да биде заинтересиран ментално компактибилен, бидејќи оваа дама не дозволува игра со нејзиното тело на некој кој не е способен интелектуално да ја предизивка.
Ова е најмладоликата жена во целиот хороскоп! Интелектуално љубопитна, комуникативна, духовита, брилијантна… Не постои отворање на изложбата, театарска премиера, значителен собир, на кој таа не присуствува ….
Постојаната желба за новина на Близнаци води до катастрофален ефект врз буџетот (или на нејзиниот сопруг) и на ексцентричниот изглед, што воедно е и резултат на егзибиционизам типичен за Близнаци.
Промената е многу важна за нејзиниот живот и нејзиниот ментален развој. Таа е подготвена да ги користи сите „женски оружја”, нејзиниот шарм и атракција за да го добие она што го сака. Оваа дама се вљубува и таа се стреми да има повеќе љубовници во исто време.
Таа е многу комуникативна, паметна и способна да го искористи својот шарм секогаш кога и треба.