Реклама
Наши ѕвезди

ЕВЕ ЗОШТО ЕСМА ПОСВОИ САМО ЕДНО ЖЕНСКО ДЕТЕ – КРАЛИЦАТА да беше жива ќе се гордееше со неа!

Погледнете и како денес изгледа наследничката на кралицата на ромската музика

Реклама

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова, беше позната и по нејзината голема хуманост.

Таа за време на својот живот има посвоено 48 деца, од кои 47 се машки, додека само едно е женско, Елеонора.

Од овие причини кралицата на ромската музика за време на нејзиниот живот два пати беше номинирана за Нобелова награда, но најголема награда во животот за неа беа нејзините деца кои што таа ги посвои и на кои им пружи топол дом и родителска љубов со својот сопруг, музичкиот великан и педагог, Стево Теодосиевски.

Маркетинг

„Се омажив од љубов иако Стево од мене беше доста постар. Многу работевме, пеевме, настапувавме, а јас го потпрашував ‘А кога ние ќе имаме деца?“ Сакав слава и кариера, па не успеав да најдеме време за чување деца, а времето безмилосно поминуваше. Кој би можел во она време да одбие настап во париската Олимпија или да не настапи пред значајни светски државници? Таман работа! Кога годините поминаа, сфатив дека сум престара за раѓање“, откри во една пригода Есма.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Како што самата откри, тие одлучиле да посвојат дете и на тој начин да помогнат на оние кои немале среќа да пораснат со своите биолошки родители. На сите што ги посвоиле и ја пренеле љубовта кон музика и кон секое од нив се однесувале како вистински родители.

„Стево со часови вежбаше со нив, а потоа дојде на идеја да го основа ансамблот Теодосиевски. И како кој од децата растеше, така и го напушташе ансамблот. Ќе основаше свое семејство, а на негово место ќе дојдеше следно посвоено момче. Денес сите тие се материјално обезбедени.

Принтскрин/ Инстаграм

Јас заради тоа сум многу среќна бидејќи на нив улицата, како и на многу други Роми, не им стана дом“, изјави тогаш Есма.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Есма тогаш со гордост зборуваше и зa својата единствена ќерка Елеонора, единственото женско дете од сите што ги посвоиле.

Елеонора ги заврши студии на Универзитетот ЕСРА во Скопје, соло пеење, а беше дел и од „Есма Бенд“ кој настапуваше со пејачката.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Се согласуваме одлично, баш како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежни години подобро е да имаш покрај себе женско дете отколку машко и не се излажав“, зборуваше Есма своевремено.

Фото: Фејсбук/ Елеонора Бони

Во врска со тоа зошто со нејзиниот сопруг долго време посвојувале само машки деца, Есма во една пригода откри:

„Има тука логика. Ако посвојувавме и женски деца, кога ќе порасна, бидејќи не се во никакво крвно сродство, би можело да дојде до сé и сешто. Знаете на што мислам. Но на нас тоа не ни беше потребно бидејќи како ансамбл тогаш постојано бевме надвор од Белград, па кој би водел сметка за тоа“, откри во една пригода познатата македонска пејачка и кралицата на ромската музика.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Елеонора е среќно мажена во Брисел, каде живее и работи заедно со сопругот со кого отворија и спомен соба во Брисел, во чест на Есма.

Таа настапува под уметничкото Малиша, но и со бендот на Есма, „Есма бенд“, со кој го продолжува патот на незаборавната Есма.

Од видеото во продолжение можете да видите дека Елеонора иако е посвоена, се повеќе наликува на Есма, како во гласот, така и во изгледот. И како што самата вели, таа знае дека нејзината мајка ја чува од небото и се гордее со тоа што решила да ги следи нејзините стапки.

„Нејзиното прерано заминување ме направи многу тажна, и ми требаше долго време да започнам да живеам нормално и да продолжам понатаму. Но јас сè уште верувам дека таа ме чува од небото и дека се радува што продолжив по нејзините чекори“.

„Големите луѓе се секогаш најскромни. Кога имаш две јаболка, секогаш едно подарете му го на некого. Овие нејзини зборови ќе ги паметам засекогаш“, изјави во една пригода Есма.

Фото: Фејсбук/ Елеонора Бони (Мустафовска)

Најголемата желба на Есма

Животот на Есма згасна во 2016 година, а нејзината најголема желба куќата во која живееше да стане куќа музеј, за жал, се уште не е исполнета. Имено, таа и покрај тоа што остави тестамент и имаше желба куќата да остане под заштита на државата и секој да може да влезе во неа, роднините го оспорија тоа и сега се на суд. И додека судењето не заврши, во куќата ништо не се менува, освен што се случија неколку немили настани за кои пишуваа медиумите.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Фото: Фејсбук/ Малиша

Фото: Фејсбук/ Малиша

Фото: Фејсбук/ Малиша

Фото: Фејсбук/ Малиша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button