Реклама
Новости

Еве зошто Драгана Мирковиќ се разведува од својот богат сопруг: „Веќе три години не живееме заедно“

Пејачката Драгана Мирковиќ поднесе барање за развод

Реклама

Драгана и Тони се разведуваат по 24 години брак

Веста дека познатата фолк-пејачка Драгана Мирковиќ се разведува по 24 години брак одекна како бомба во регионот.

Оваа вест ја потврди и самата пејачка, која се обрати до целокупната јавност и со голема така извести дека го предала барањето за развод.

Маркетинг

„Веќе подолг временски период мојот однос со Тони не е повеќе она што беше, а во последните три години ние практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непремостливи разлики, заради доброто на своето семејство и затоа што така сум воспитувана, направив сé за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Но, со време тој јаз стануваше се поголем и сфатив дека поголема штета на своите најмили правиме со тоа што остануваме на сила на нешто што одамна не функционира, отколку да ставиме точка на нашиот брак“, вели пејачката во своето обраќање до јавноста.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Потсетуваме, Драгана и Тони се заколнаа на вечна љубов во септември 2000 година во Виена, а свадбата беше скромна.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Веста дека се разведува од својот долгогодишен партнер ги изненади сите, посебно што пејачката секогаш позитивно зборувала за него.

Но во едно од нејзините последни интервјуа од пред неколку недели, таа студено зборуваше за него, но тогаш никој не претпоставуваше дека помеѓу нив проблемите се толку сериозни.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Имено, таа на прашањето како се запознала со својот партнер, таа изненадувачки студено зборуваше за него.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Како што самата појасни тогаш, наводно во брак влегла не заради класична љубов колку заради желбата за деца и семејство,

„Не беше дека имав 20 години па не морав да размислувам за потомство, туку имав 32. Копнеев за семејство. Ми беше важно тоа да не е некој од работата“, раскажуваше тогаш искрено пејачката.

„Без малку ништо не знаев а него. Ми се свиѓаше како размислува. Ми се допадна повеќе како човек. Не се јас нешто најстрашно вљубив. Ми беше важно тоа да биде нешто нормално во мојот живот. Не сакав мојот маж да биде ѕвезда. Многу се трудеше да ме освои така што ми покажуваше каков е човек. Со тоа ме купи бидејќи сам тоа и го имаше да ме купи“, заклучи тогаш Драгана со насмевка на лицето, алудирајќи на тоа дека тој не бил толку богат и имотен како што е случајот денес, откако стана успешен бизнисмен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button