Реклама
Новости

Еве зошто доктор Ненад Лазаров е нашиот херој- еден од ретките кои се реши на еден НЕВЕРОЈАТНО хуман гест

Реклама

Корона кризата иако го промени светот сепак донесе и нови современи херои на кои многумина им „симнуваат капа“.

ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Докторите највеќе од сите се во секојдневна борба, а еден од нив е и д-р Ненад Лазаров кој секојдневно се соочува со ковид-пациенти, а неодамна и направи неверојатно хуман гест.

Имено тој поткрена хуманитарна акција за донација на витамини за граѓаните што не можат да си дозволат да ги купат.

Маркетинг

– Гледам и знам дека 80 отсто од популацијата кај нас е на раб на егзистенција. Еве ви еден пример, шестчлено семејство, три деца и тројца возрасни, сите се позитивни, а живеат само од пензијата на бабата од 200 евра. Како тие да купат сè што им треба за да се излекуваат? Само суплементите за нив чинат 200 евра. Верувајте, има многу вакви случаи низ државата, рече доктор Лазаров за „Факултети.мк“.

ФОТО: Ненад Лазаров/ Фејсбук

Toj во истото интервју потенцира дека ги повикал поголемите фирми да донираат суплементи и додава дека засега одличен е одзивот, но најчесто малите фирми се поактивни.

Маркетинг

Иако некои луѓе сакаат да донираат и пари, тој вели дека тоа не се прифаќа во неговата ординација, па наместо тоа ги упатува да купат клексани и ксарелто.

ФОТО: Ненад Лазаров/ Фејсбук

Д-р Лазаров вели дека очекувал да се вклучат и други лекари, но сепак не дошло до такво нешто, па објаснува дека оваа акција ја работи лично тој самиот со помош на тимот во неговата ординација, иако има луѓе кои се нудат да помогнат.

Помага на самохрани мајки, социјално загрозени семејства, но и во други случаи во кои едноставно семејствата не стигнуваат ниту да се прехранат со основните примања кои ги имаат, а камо ли да бидат изложени на дополнителни трошоци.

Досега се доделени 490 пакети, а често се доделуваат на рака, а се праќаат и преку пошта.

ФОТО: Ненад Лазаров/ Фејсбук

„Доаѓам на работа, преполна канцеларија“, напиша д-р Лазаров по само неколку денови од почетокот на акцијата на својот фејсбук-профил.

Ненад Лазаров е матичен лекар и работи во своја приватна ординација и е еден од ретките кој се обидува да помогне на ваков начин и секојдневно споделува на својот фејсбук-профил колку донации и од каде ги добива.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) покрива трошоци само за лекови што се на позитивната листа, а витамините во ниту една земја во светот не спаѓаат во списокот со лекови бидејќи тие се суплементи, односно додатоци во исхраната.

ФОТО: Ненад Лазаров/ Фејсбук

Ова не е првпат тој да организира хуманитарни акции. На почетокот на кризата кога имаше дефицит на маски и визири, тој со  технологија изработуваше визири и бесплатно ги доставуваше онаму каде што беа најпотребни, а тоа беа докторите, приватни и јавни здравствени установи, полиција и на други места.

На списокот како да му нема крај. Ненад пред неколку месеци ја промовираше услугата „Домашна посета“, во склоп на неговата приватна ординација „Медика Вера“ и најави дека услугата ќе чини само 1000 денари, комплет со терапијата која би се аплицирала.

ФОТО: Ненад Лазаров/ Фејсбук

Д-р Лазаров продолжува со своите активности на социјалните мрежи и секојдневно е активен, но вели дека ништо од ова што го прави не е од никави партиски или политички случаи.

На Македонија, а и на светот им се потребни вакви луѓе!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button