Реклама
Хороскоп

Еве зошто денес НИКАКО не треба да се палат свеќи

Реклама

Од најрана возраст чувствувала љубов кон христијанството.

Денес, православните верници ја слават големата христијанска маченичка Пелагија од Тарс.

Маркетинг

Иако нејзините родители биле незнабошци, Пелагија уште од најрана возраст во срцето чувствувала голема љубов кон христијанството. Во тоа време, царот Диоклецијан најстрого ги гонел христијаните, но случајно, неговиот син се за вљубил во преубавата Пелагија.

За да избегне да биде запросена, Пелагија побара спас од епископот Клинон, кој ја преобрати и ја крсти.

Маркетинг

Таа тогаш ја фрлила својата скапа облека, се откажала од своето богатство и како сиромашна девојка се вратила дома и признала пред својата мајка дека е крстена и дека го посветила својот живот на Христа. Кога синот на Диоклецијан го слушнал ова, од преголема тага се прободел со меч и така го изгубил својот живот. Мајката на Пелагија, која сакаше нејзината ќерка да се омажи добро, и која не веруваше во Бога, од злоба ја предаде својата ќерка на Диоклецијан.

Диоклецијан кога ја видел веднаш се вљубил во неа, но бидејќи Пелагија остана непоколеблива во намерата да не се мажи, беше осудена од него на ужасни маки – да биде стопена во метален вол, кој беше вжарен вжарен на огнот. Кога мачителите ја coблeклe, Светата Пелагија се прекрсти со крст и со молитва на усните, сама влегла во вжарениот вол, каде што во истиот момент се стопила како восок.

Поттикнати од оваа приказна, во народот се создадоа обичаи што треба да се практикуваат на овој ден. Затоа денес не се палат свеќи, ниту поголем пламен. Во спротивно, според верувањето ќе ја предизвикате злобната судбина на Пелагија и ќе останете без род и пород, но и без љубов.

Жените кои не можат да имаат бебе, денес треба да ја врзат сноп од рузмарин и да го стават под перницата, и така да преспијат. Се верува дека на тој начин ќе ги повикаат добрите духови да им помогнат.

Житието на  Пелагија Тарсиска

Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и прочуени. Кога слушна од христијаните за Христа, таа се разгоре со љубов кон Спасителот и во душата беше целата христијанка. Се случи самиот цар Диоклецијан запре во Тарс и додека се бавеше во овој град неговиот син, принцот, се вљуби смртно во Пелагија, па сакаше да ја земе за жена. Преку својата зла мајка Пелагија одговори дека таа веќе Му се има ветено на Небесниот Женик, Господ Исус Христос.

Бегајќи од скверниот принц и од својата мајка, Пелагија го побара и го најде епископот Клинон, човек прочуен по светоста. Тој ја поучи во христијанската вера и ја крсти. Тогаш Пелагија ги раздаде своите раскошни фустани и големото богатство, се врати дома и ѝ исповеда на мајка си дека е веќе крстена. Кога слушна за ова царскиот син и ја изгуби сета надеж дека некогаш ќе може да ја добие за жена оваа света девица, се прободе самиот себеси со меч и умре. Тогаш свирепата мајка појде и ја обвини кај царот својата ќерка, па му ја предаде на суд. Царот се восхити од убавината на девицата, заборави на синот и самиот се распали со нечиста страст кон неа. А бидејќи Пелагија остана непоколеблива во нејзината вера, царот пресуди да ја изгорат во метален усвитен вол. Кога ја разголеа мачителите, Света Пелагија се прекрсти со Крстот и со благодарна молитва кон Бога на усните самата влезе во усвитениот вол, во којшто за еден миг се растопи како восок. Чесно пострада во 287 година.

Коските што останаа од неа ги прибра епископот Клинон и ги погреба на ридот под еден камен. Во времето на царот Константин Копроним на тоа место беше изградена прекрасна црква во чест на Светата девица и маченичка Пелагија, која се жртвуваше за Христа за со Него да царува вечно.

Поврзано

Back to top button