Еве зошто вчера цел Штип се вртеше кога таа се прошета низ градот – погледнете го ова холивудско издание на Лила Филиповска!
Шлиц и деколте од милион долари!
Познатата водителка на квизот „Се’ или нешто“ никого не остави рамнодушен кога на црвениот килим се појави во елегантно и провокативно издание.
Шармантната водителка Лила Филиповска ги воодушеви штипјани кога на црвениот килим на 37-то издание на фестивалот Макфест се појави во елегантна зелена тоалета која како да беше кроена специјално за неа.
Таа беше една од презентерките на овогодишниот фестивал кој се одржа во Домот на културата, Ацо Шопов во Штип.
Таа на ревијалната вечер на која учествуваа познати имиња од мкедонската естрада избра долга и светкава креација во впечатлива зелена боја.
Водителката избра тесен модел, со долги ракави, кој во предниот дел има толку длабок шлиц со кој Лила ги истакна нозете и никого не остави рамнодушен.
Фустанот е со долги и широки ракави на краевите, со длабоко деколте и должина до подот, а Лила го носеше со шик сандали.
Таа целото издание го зачини со својата преубава фризура и кармин во страсна црвена нијанса, а изгледаше подеднакво убаво и гледано од задната страна.
Па, никој не го може тоа како Лила, нели?
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска