Еве зошто Вања е убиена пред да бараат пари за откуп – таткото речиси во истото време пријавува во полиција
Нови детали во врска со грозоморното убиство

Телото на малолетната Вања Ѓорчевска (14) е пронајдено вчера во атарот на селото Бразда, во близина на Скопје.
Како соопштија од МВР и обвинителството мотивот за киднапирање на Вања е користољубие, а на денешната прес-конференција беше соопштено дека киднаперите ја ликвидирале заради паника.
Наводно тие откако виделе дека целиот регион ја бара, ја убиле девојката и нејзиното тело го закопале.

Тоа го изјавил еден од осомничените, а како што соопштија министерот Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски на денешната прес-конференција и на полицијата се уште не е познато зошто ја убиле девојката пред да побараат пари за откуп.
Претходно на прес-конференцијата беше потврдено дека и таткото на девојчето учествувал во организирање на киднапирањето.
Како што изјавиле приведените осомничени лица во текот на истрагата, тие информации за Вања добивале од првоосомничениот кој моментално не е достапен за органите на прогонот, а тој им кажал дека истите наводно ги добивал директно од таткото на убиеното девојче.

Таткото негира вмешаност во случајот.
Тој во понеделникот на 27 ноември, околу 11 часот пријавува дека неговата ќерка е исчезната откако претходно тоа го направи и неговата поранешна сопруга, односно мајката на Вања.
На таткото за сега не му е изречена мерка притвор за да се обезбеди присуство во текот на истрагата.