Холивуд

Еве зошто Британците ја критикуваат Меган Маркл, но не и војвотката од Кембриџ

Advertisement

Кејт Мидлтон повторно ги воодушеви сите со својот моден избор

Advertisement

Војвотката од Кембриџ заедно со својот сопруг принцот Вилијам присуствуваше на крстењето на еден брод на компанијата „ Cammell Laird “ во Биркенхед каде повторно предизвика овации на тамошното локално население. Но овој пат таа предизвика и воодушевување кај вљубеничките во модата поради нејзиниот мудар избор.

Имено, убавата војвотка британската јавност повторно ја импресионираше со својата штедливост. Таа за оваа посета го носеше елегантниот небесно син капут од Александер Меквин кој иако е поприлично скап, досега го има носено во јавност минимум три пати, за разлика од Меган Маркл, која многу ретко ја гледаме во „рециклирани“ парчиња.

Advertisement

За разлика од Меган која британската јавност ја разбесни со своето неконтролирано трошење државни пари на облека и приватни авионски билети, Кејт се обидува истата облека да ја носи повеќе пати, а некои парчиња во своите плакари ги чува и по десет па и повеќе години (сетете се само на нејзините кафеави чизми за кои сме сигурни дека наскоро повторно ќе ги видиме во некое брилијантно издание).

Истиот капут со потписот на познатиот дизајнерски бренд „Александер Меквин“, Кејт прв пат го носеше во 2014 година за време на посетата на Нов Зеланд, а во него беше видена и на прославата на Денот Д како и а прославата на 75-роденден на кадетите на Кралските воздушни сили.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button