Алиша Киз не се шминка веќе три години.
Пејачката објави во 2016 година дека повеќе нема да користи шминка, ниту приватно, ниту пак на јавни настани што ги следат милиони луѓе ширум светот. Таа не носеше шминка и на Греми наградите што ги предводеше овој викенд, и изгледаше прекрасно и вака природно.
https://www.instagram.com/p/Btwlff7gbaG/
Се започна кога пејачката работеше на албумот „Here“, а на првите фотографии без шминка ја наговори фотографката со која соработуваше во тоа време.
„Дојдов од теретана, имав шамија на главата и капа и дојдов на состанок со фотографката која ми рече дека сака да ме фотографира веднаш. Музиката на мојот албум беше искрена и оголена, таа сакаше такви да бидат и фотографиите за албумот“, изјави во едно интервју пејачката.
https://www.instagram.com/p/BtwiLbXAqHV/
„Во еден момент почнав да се чувствувам како да не сум доволно добра за останатите. Секој пат кога излегував од дома бев загрижена бидејќи немам шминка на лицето, поради обожавателите кои можеби би сакале да се сликаат со мене. Не сакав повеќе да се кријам. Ниту своето лице, ниту емоции, ниту умот … Едноставно Ништо “, рече Алиша.
https://www.instagram.com/p/BtuKRSuAQbe/
Таа неколку пати нагласи дека нема ништо против шминкањето и жените што користат, и дека секој треба да го прави она што го сака, но дека таа едноставно биле премногу оптоварена со шминката.