Еве зошто Агнеса Органџиева е една од најстилизираните жени во МАКЕДОНИЈА – пролетен тренд што и стои убаво на секоја дама
Агнеса блескаше во ова пролетно издание
Женската облека од џинс важи за безвременски тренд, посебно во пролетните месеци кога не можеме да им одолееме да ваквите здолниште кои лесно се комбинираат.
Познатата скопјанка Агнеса Органџиева сподели една фотографија на која позира токму во едно вакво здолниште и ги воодушеви бројните обожаватели со своето поприлично тренди пролетно издание.
Имено, Органџиева избра тексас здолниште, и тоа длабок модел со висок струк, џебови и шлиц. Интересниот модел во светла нијанса таа го комбинираше со кошула со впечатлив дезен, голема тренди чанта со нејзиното име и едноставни високи потпетици во слична сина нијанса.
Инаку, оваа сезона покрај здолништата во мода ќе бидат и фустаните од џинс. Тие се одлични како за на работа, така и за попладневна прошетка со пријателките.
Што се однесува до моделите, навистина постои голем избор, и сигурни сме дека секоја дама може меѓу нив да пронајде нешто што и одговара и во кое ќе се чувствува одлично во топлите месеци.
Во новата сезона посебно се истакнуваат моделите со средна должина и крој специфичен за 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а едни од најпосакуваните „street style“ ѕвезди на денешницата веќе ги имаат набавено своите и гордо ги носат на градските улици.
Не се сомневаме дека трендот со овие здолниште и фустани ќе владее уште долго време, посебно ако земеме во предвид дека им се инспирација на најпознатите креатори, но и на „хај-стрит“ брендовите кои во своите колекции и ова пролет претставија интересни модели.
На крајот од галеријата погледнете и неколку тексас здолништа што можете да ги наидете низ продавниците во Македонија.
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
НАШИ ПРЕДЛОЗИ:
Манго
Манго
Манго
Манго
Манго
Зара
Зара
Зара
Зара