Еве зошто Агнеса важи за една од најубавите жени во Македонија – тајната се крие во ваквите детали
Познатата скопјанка го покажа својот сексапил на свој начин
Познатата русокоса Агнеса Органџиева со својот префинет стил им преставува инспирација на многу жени.
Шармантната Агнеса Органџиева речиси секојдневно ги воодушевува своите фанови со модните комбинации што ги носи.
Таа едноставно зрачи со гламур и елеганција, а нејзиниот префинет дамски стил никого не остава рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Впрочем така беше и овој пат кога на својот Инстаграм сподели уште едно летно издание со кое го привлече вниманието.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Имено, откако само еден ден претходно ги остави сите без здив со проѕирниот фустан што го носеше на плажа, Агнеса сега заблеска со сиот свој сјај во едно малку поинакво издание.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа за оваа пригода избра тексас сукња со длабок шлиц која е идеално решение за овој период од годината.
Покрај длабокиот шлиц со кој го стави фокусот на нозете, таа носеше бела „кроп-топ“ блуска и ја истакна својата тенка половина.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Агнеса целото издание го зачини со неверојатно шик сандали со високи потпетици, а од модни додатоци носеше сребрена чанта од познат светски бренд во иста нијанса како и сандалите.
„Убаво е кога носите толку добра облека, што кога некој ќе ви даде комплимент дека добро изгледате, веднаш извикувате „Знам, нели!?“, а дури потоа велите „Ммм да, фала“ и порача еден корисник во коментарите.
Инаку, сукњите од џинс се идеално решение за овој период од годината кога може да ги носите со штикли, но и со еспадрили или патики.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Повеќе од сигурни сме дека во вашите плакари веќе имате модел кој со години не сте го облекле, а во кој ќе заблескате и вие.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Тие преставуваат синоним за опуштено пролетно и летно издание, и така било пред десет, 20 години, но така е и сега.
Од тие причини никогаш нема да згрешите и ако решите да се подновите со еден нов модел, а некои од најубавите сукњи од најпознатите брендови во Македонија, погледнете ги во продолжение: