Вести

Еве за колку ќе поскапи парното – Предновогодишна честитка од Бислимовски

Advertisement

Долго време се најавуваше дека граѓаните кои се греат на парно пред Нова година ќе добијат подебели сметки за греење и конечно денеска стана јасно колкаво ќе биде зголемувањето на цената.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во вестите на ТВ Сител изјави дека парното нема да поскапи повеќе од 5 отсто од 1. ноември.

Advertisement

Фото: Сител

Бислимовски објасни дека зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво што според него не би требало да преставува проблем за скопјани.

Еве што изјави Бислимовски за ТВ Сител:

– Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5% коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје.

фото пекселс

Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски за Сител.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button