Еве во што се крие тајната заради која Арсовска секогаш изгледа БЕСПРЕКОРНО – тренд што им е омилен на многу дами!
Одличен за кафе, рандеву или деловен состанок
Модниот избор на кандидатката за градоначалник на Скопје, Даниела Арсовска, во последно време повеќе пати ги воодушевува жените.
Во нејзиниот гардеробер има најразлични парчиња, но и оние кои се „маст-хев“ за секоја жена, а најубаво изгледа кога носи класика.
Токму таква комбинација таа носеше и денес на прес конференцијата кога по добиените резултати од изборите избра да носи бело сако. Во прашање е модел кој е одличен сојузник кога сакаме да креираме шик комбинации, што многу добро го знае и Арсовска која блескаше во него.
Секако, вакво парче не се препорачува како нешто што треба да го носиме на прослави каде се бара строга елеганција, но ако ви недостига идеја и пари за скапоцени тоалети, доволни ви се добар пар обувки, кошула и сако заедно со фармерки и ќе добиете совршена комбинација.
Имено, комбинацијата на сако со фармерки се полн погодок и оваа есен. Во прашање е варијанта која можете да ја носите во најразлични пригоди, а за работа можете да изберете темни или светли фармерки со блуска, маичка или кошула. Што се однесува до самото сако, може да биде со есен крој или „оверсајз“, модел кој исто така е во тренд веќе неколку сезони и ќе имате феноменална и модерна комбинација како за на работа, така и за кафе со пријателките.
Што се однесува до Даниела Арсовска, жената која би можела да биде идната градоначалничка на Скопје, таа во своите плакари има најразлични модели на сакоа и блејзери, а како го „фура“, погледнете во продолжение:
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Фото: Фејусбук/ Даниела Арсовска
Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа дама?