Реклама
Наши ѕвезди

Еве во што е тајната на успешниот брак на Евгенија со проф. др. Вело Марковски – двете дечиња се нивното најголемо богатство!

Реклама

Поранешната манекенка Евгенија Марковска, искрено за бракот со познатиот инфектолог Вело Марковски.

Иако доста млада таа важи за посветена сопруга и мајка.

Маркетинг

Брачната двојка уште од почетокот на нивната врска е топ тема, а најголема причина за тоа е разликата во годините, која за среќа се чини дека не претставува никаква пречка за нив.

Таа и денес е поприлично активна на социјалните мрежи, а од нејзините фотографии можеме да видиме дека ужива во мајчинството, но и дека сè уште изгледа како во најдобрите денови, и покрај тоа што е мајка на две деца.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Евгенија откри дека на почетокот од врската не верувала дека ќе заврши со брак, откри таа во интервју за „Женски магазин“.

Нивната врска започнала во 2014 година, а во 2017 година го добија првиот син и стапија во брак.

Евгенија во интервјуто откри дека уште од почетокот на нивната врска имало недолични коментари, а често го добивале и прашањето дали сте сигурни дека ќе успеете заради разликата во годините“, но вели дека и е мило што едноставно се обиделе и успеале.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

-Да, недолични коментари имаше уште од почетокот кога се дозна за нашиот брак и сè уште има. Не ме повредува никој од тие коментари затоа што никогаш не ми било важно што ќе кажат другите. Мислам дека не е во ред да навредуваш некој што не го познаваш само затоа што мислиш дека не се вклопува во она што сите го прават.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Евгенија откри дека Вело и помага во домашните обврски, сака да ги заспива децата и да поминува времето со нив, но и одлично се снаоѓа во кујна.

Двајцата се пример дека љубовта нема граници и доколку постои љубов и почит годините воопшто не се пречка.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Евгенија неодамна објави фотографии од своите деца и напиша дека тие и се најдобри другари.

Таа објави фотографии додека ги прегрнува своите деца, а фотографиите им ги затоплија срцата на нејзините фанови.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Нивната ќеркичка на почетокот на годинава наполни една година, па и покрај тоа, Евгенија брзо се врати во форма и изгледа неверојатно.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

 

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button