Реклама
Uncategorized

Еве во кој период од денот не е добро да јадете јаглехидрати ако сакате да ослабнете

Реклама

Ако сакаме да постигнеме максимални резултати тогаш мора да ги следиме правилата


Но постојат и некои правила кога е во прашање консумирање на одредени намирници кои со тек на време ни станале навика. Па така сигурно сте слушнале дека рафинираните јаглехидрати е добро да се јадат наутро за појадок.

Затоа многумина наутро ќе се почестат со своите омилени пецива, бел леб или палачинки верувајќи дека на тој начин најлесно ќе ја согорат храната во текот на денот. Но мислењето за тоа кое е најдобро време за внесување на јаглехидрати во последно време се менува меѓу фитнес стручњаците, па така според нутриционистката и лиценцираниот личен тренер Шауна Сако рафинираните јаглехидрати најдобро е да се избегнуваат во утринските часови.

Маркетинг

Имено според неа, за појадок е најдобро да се јаде балансиран оброк кој дава доволно гориво и нивото на шеќерот во крвта ќе го држи стабилно. „Понекогаш е тешко да најдете добри опции за појадок бидејќи сакаме да уживаме во благи опции како палачинки. Но ако сакате да уживате во оброк со поголем дел на рафинирани јаглехидрати подобро е да ги јадете при крајот на денот“, вели Сако за „Попшугар“ и додава дека без балансиран појадок кој содржи протеини и здрави јаглехидрати нивното на шеќер во крвта ќе падне и затоа набргу ќе почувствуваме глад и недостаток на енергија.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button