Реклама
Холивуд

Еве во која русокоса убавица бил вљубен принцот Вилијам пред да ја сретне Мидлтон

Реклама

Принцот Вилијам пред да се запознае со Кејт Мидлтон бил до уши вљубен во една друга девојка.

Во прашање е Ема Паркер Боулс, инаку внука на неговата маќеа Камила која во 2005 година се омажи со неговиот татко.

Маркетинг

Нови детали од интимата на принцот Вилијам се појавија во јавноста. Наводно во своите ергенски денови принцот бил окупиран со една посебна дама – внуката на својата сегашна маќеа Камила.

Пред да ја запознае својата сегашна сопруга со која се сретнаа за време на студиите, Вилијам бил заинтересиран за Ема.

Маркетинг

Според биографијата на принцезата Дијана напишана од Ендрју Мортон, Вилијам кога имал само  17 години бил до уши вљубен во младата Ема.

Интересно е тоа што го привлекувала оваа млада дама чии црти на лицето несомнено потсетуваат на нејзината тетка.

Неговиот татко принцот Чарлс со години ја изневерувал принцезата Дијана токму со тетката на Ема, а познато е и дека само неа вистински ја сакал целиот свој живот. Но тие се венчаа дури откако поминаа 8 години по тешката сообраќајна несреќа во која животот го изгуби Дијана.

Наводно Ема и Вил биле во романтична врска кога принцот имал само 17 години, а таа 25, во 1999 година. Таа до денес остана близок член во кралското семејство, па често е во близина на Вилијам и Кејт на разни настани и свечености, а според зборовите на сведоците, Вилијам и денес гледа заљубено во неа, а таа со внимание го следи секој негов збор.

„Понекогаш толку многу ќе се загледа во неа што на сите ќе им стане непријатно“, изјави еден сведок на овие настани.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button