Еве во каков луксуз ужива синот на Амди Бајрам – куќа со огромен базен и раскош вреден милиони (фото)
Холивудски живот сред Шутка - куќа со РАСКОШЕН двор која вреди цело богатство вредна МИЛИОНИ, луксуз од кој боли глава раскошен двор како во холивудските филмови
Домот на синот на Амди Бајрам ќе е остави без здив
Куќата во која што живее синот на почнатиот македонски политичар Амди Барај, Габриел, многумина ќе остави без здив.
Во прашање е голем и луксузно уреден имот кој вреди цело богатство, а кој можеме да го видиме и преку објавите на самиот Габриел.
Имено, тој самиот деновиве објави неколку фотографии направени во неговиот раскошен дом за време на неговата роденденска прослава, а снимки од гламурозната прослава објави и Агнеса Органџиева, познатата инфлуенсерка која е во добри односи со ова семејство.
Но ова секако дека не е прв пат од членови на семејството да имаме прилика да ѕирнеме во внатрешноста на нивниот дом.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Имено, тој неодамна го покажа и големиот базен што се наоѓа во дворот од вилата покрај кој семејството ги минува топлите денови.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Впрочем на ова место тие го прославија и роденденот на Габриел, каде направија и караоке шоу, приредено од неговата сопруга, Ана Бајрам.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
А колку целото семејство вложило во уредувањето на секој детаљ од нивниот дом сведочат и фотографиите што ги објави Габриел кога им го честиташе Рамазанскиот бајрам на своите сограѓани.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
На споменатите фотографии се гледа раскошна маса која е внимателно уредена, со скапи садови и полна со вкусни јадења, поставена во непосредна близина на базенот каде семејството го минува времето.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Инаку, Габриел од бракот со Ана ги имаат – ќерката Перјан од кој во 2021 ја доби внуката Лара, и синот Валентин, од кого пред само две недели доби внука која се вика исто како и нејзината баба, Ана.