Холивуд

Ева Лонгорија и во овој крајно едноставен фустан изгледа како милион долари

Advertisement

Не потсети на гламурот на стариот Холивуд

Advertisement

Ева Лонгорија беше домаќинка на гала забавата што еднаш во годината се одржува во склоп на нејзината хуманитарна организација. На свеченоста одржана во хотелот „The Four Seasons“ во Лос Анџелес Ева блескаше во крајно едноставно издание кое и стоеше феноменално.

На настанот на кој ги собра познатите Латино девојки, убавата Ева носеше обичен фустан со кој постигна изглед од милион долари. Во прашање е темноцрвена креација со долги ракави и со должина до подот која убаво ја следи линијата на 43 годината актерка, а атрактивноста на нејзината појава допринесе и кројот на преклоп. Фустанот во пределот на торзото лежерно е во набори, на половината има ремен, и сите овие детали на еден совршен начин се вклопија и го истакнаа убавото женствени тело на Ева.

Advertisement

Прекрасниот фустан познатата убавица го носеше со едноставни златни сандали со тенки, темни ремени, додека од накит „фураше“ две децентни огрлици, ситни обетки и прстен со камен во иста боја со фустанот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button