Ева Заева покажа уште едно гламурозно издание за ова лето – „гори“ Инстаграмот кога оваа убава млада дама ќе се облече вака

Познатата струмичанка носеше преубав модел во црвена боја кој можеме да го носиме во многу различни пригоди.

Ева Заева важи за една од најпознатите македонски дами на социјалните мрежи, каде редовно објавува интересни фотографии.
Покрај оние од секојдневниот живот и патувањата, младата дама од Струмица најмногу ги радува фановите кога ќе објави фотографија на која позира во шик модно издание. Впрочем така беше и овој пат кога позираше во преубав фустан во црвена боја со кој никого не остави рамнодушен. Во прашање е модел од теник, летен материјал, со отворен грб и тенки прерамки, а со должна речиси до подот.
Фустанот е поприлично практичен и одличен за летните и есенските прошетки, како и за поелегантните пригоди. Може да се комбинира и со рамни сандали и високи потпетици, па дури и со патики за поопуштени изданија. Заева го носеше со залижана фризура, децентна шминка и бел маникир, а како изгледаше, погледнете во продолжение.

Ева е позната по своите гламурозни и женствени изданија, а овој пат со црвениот фустан дефинитивно го одзема здивот.
Класик што не излегува од мода
Црвените фустани се „маст-хев“, а модните писти за ова лето изобилуваа со модели во оваа боја.

Можеме да ги носиме и во топлите есенски денови, а идеални се за бескрајните прошетки, коктелите со пријателките и вечерните лудории, посебно кога во нас се биди желбата за посмели комбинации и за облека со која ќе бидеме во центарот на вниманието. Во мода се модели кои се истакнуваат и даваат доза на гламур, и можеме да ги комбинираме со елегантни штикли за вечерни пригоди или рамни сандали за утринските прошетки, а при избор на модни додатоци нема да погрешите со нијанси како црна, златна и розова.
H&M
Norma Kamali
Alexandra Miro
Miu Miu