Еве зошто Северина го смени презимето Којиќ – постои ДОБРА причина заради која се откажа од НЕГО!
Нема потреба да го носи неговото презиме
Како што велат маркетинг професионалците, Северина своето име го изгради уште многу одамна пред да се омажи, па затоа нема потреба да го носи презимето на својот сопруг, поранешниот фудбалер Игор Којиќ.
Не ретко се случува успешните жени кои ја изградиле својата кариера и препознатливост да го остават своето моминско презиме бидејќи тоа е дел од нивниот личен бренд по кој се препознатливи, тврди Бојан Берник, извршен директор на маркетинг агенција Морган Греј.
Од тие причини, како што истакнува тој, Северина Којиќ (47) на социјалните мрежи го тргна презимето од својот сопруг, поранешниот голман Игор Којиќ (32). Таа како бренд е препознатлива по името и сите знаеме на кого мислиме кога е кажеме Северина. Дали е Којиќ или Вучковиќ, потполно не е важно, објаснува овој маркетинг професионалец.
Истото го мисли и естрадниот менаџер Ивица Бубало кој смета дека Северина е последната личност која треба да го земе презимето од својот сопруг.
Северина деновиве на Инстаграм го тргна своето презиме и од еден милион и двеста илјади фанови таа го следи само својот сопруг. Не го следи ни Драган Којиќ Кеба (59) кој често ги коментира нејзините фотографи
Нејзините фанови се убедени дека помеѓу неа и Игор се’ е во ред и дека го тргнала презимето од Инстаграм бидејќи тоа е само дел од нејзиниот имиџ кој успешно го гради уште од своите тинејџерски денови.