Вести

Драма во квизот „Кој сака да биде милионер“: Ја повикал сопругата на помош, а се јавил непознат маж ВИДЕО

Advertisement

Видеото предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а многумина побрзаа да осудат

Необична ситуација е снимена во квизот „Дали сакаш да станеш милионер“, кој во Британија го води Џереми Кларксон (поранешен водител на серијата „Top Gear“).

Advertisement

Наспроти него седеше натпреварувачот Џ. P. Morgan кој решил да и се јави на сопругата да одговори на прашањето од 16.000 фунти.

Прашањето на кое „заглави“ беше: Кој од овие денови е дел од викендот во Германија? Додека понудените одговори беа А) Донерстаг, Б) Митвох, В) Зонтаг и Г) Диенстаг.

Морган рече дека ќе го искористи „џокерот“ и ќе ја повика својата сопруга Елизабет.

„Тетката на мојата сопруга живее во Германија повеќе од 50 години, а Елизабет беше таму неколку пати. Ќе беше со мене денес, но остана дома“, објаснила натпреварувачот.

Повикот брзо бил воспоставен, но наместо жена, на телефонот се јавил непознат маж!

За момент сцената изгледаше драматично, а водителoт мораше да интервенира:

„Еден човек штотуку се јави на телефон, опуштете се, веројатно е сосема невина ситуација“, рекол Кларксон.

После тоа, врската била повторно воспоставена, а кога Елизабет одговорила, водителот ја прашал дали има некој до себе, пренесува Мирор.

Видеото предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а многумина веднаш сфатија дека „секретарката“ се вклучила автоматски ткако ја воспоставил врската.

Ако обрнете внимание, ќе слушнете машки глас како вели: „Извини, нема сигнал“.

Поединци побрзаа да ја „обвинат жената за измама“.

„Ова е еден од начините да разоткриеш дека жена ти те изневерува“, „Многу незгодно, ја повикуваш сопругата и потоа ја откриваш аферата“, гласат дел од пораките.

За среќа, сè беше расчистено на крајот, а Морган си замина дома побогат за 64.000 фунти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button