Дракче се прости од драга личност – Ти не смееше до солзи сега не растажи со солзи

Почина познатиот македонски хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китановски.
Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности.
Хуморот беше и остана негов заштитен знак. Пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации.

Војче дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а подоцна и на туризам по желба на неговите родители.
Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево, а студирал на Шумарскиот факултет. Тој речиси 50 години беше активен на македонската јавна сцена.
Во својата долгогодишна кариера Војче настапувал пред студенти, пред армијата и пред бригадирите на работните акции, како и покрај Мики Јевремовиќ и Тома Здравковиќ.

Меѓу другото тој ја издаде книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.
Од него се прости и Дракче Стефковска со статус на фејсбук. Ти не смееше до солзи сега не растажи со солзи..Почивај во мир Војче Китановски
На Китановски секогаш истакнуваше дека само хуморот е најдобра вакцина и спас од вирусот.
– Хуморот го продолжува животот. Тоа е научно докажано. Јас се занимавам со хумор 50 години, а поради тоа ќе се занимавам уште 500 години.
На народот во државата му значи хуморот. Тој е најдобриот лек. Го има и во законите, каде што е пропишана „дозата“ што секој граѓанин пред пандемијата требаше да ја прими преку спортот и забавата, а во второто влегува хуморот – вели Китановски.
Денот на независноста 8 Септември во 2017, тој ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.
– Македонци, дојде Тито да ви го честита празникот 8 Септември“, им велеше Китановски на граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата и голем број од нив застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот. – велеше во негов стил.




