Драга наша д-р Сандра, вечно ќе ве паметиме: Почина младата докторка Александра Лазарова
Колегите ја опишуваат како исклучителен човек и доктор.
Почина доц. д-р Александра Лазарова. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својата официјална фејсбук-страна ја сподели тажна вест.
„Со огромно жалење ве известуваме дека почина нашата почитувана доц. д-р Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство од УГАК. Искрено сочувство до семејството, пријателите, колегите и многубројните пациенти. Ќе ве паметиме по вашата човечност и отвореност за помош и едукација на помладите колеги во секое време“, напишаа тие.
Колегите ја опишуваат како исклучителен човек и доктор.
„Драга наша др Сандра, вечно ќе ве паметиме“, напиша доктор Ненад Лазаров последне поздрав до неговата колешка.
Пациенти изразуваат сочувство до семејсвото и пишуваат пофални зборови и епитети за докторката.
„Премногу малку зборови за волку голема личност. Ми ја водеше бременоста со двете деца, ме пораѓаше со првото, за второто до последно беше покрај мене. Не се познававме од претходно. Ми даде и приватен број ако ме фатат болки сред ноќ…Ете така, прекрасна душа без причина и корист. Не знам што се случило, но знам дека добрината живее вечно. Патувај мирно докторке “ , пишува една корисничка на социјалната мрежа Фејсбук.
Тимот на Гламур.мк изразува длабоко сочувство до семејството.