Драгана Мирковиќ нема големи барања на концертите, но за спектаклот во Белград ќе мора да ѝ донесат само едно нешто

Драгана Мирковиќ е родена во околината на Пожаревац и израснала во шестчлено семејство во селото Касидол, кое се наоѓа во близина на градот Пожаревац.
Со музиката започнала да се запознава благодарение на нејзиниот дедо Драгутин, додека го слушала како свири на хармоника. На пет години ја научила првата песна: „Девојката му згрешила на соколот“.
Фото: Инстаграм
Нејзиниот музички талент бил многу бргу забележан и таа денеска се вбројува на списокот на најпопуларни пејачки не само на просторите на бивша Југослвија, туку и пошироко.
И покрај огромната слава и богатство кое Драгана го поседува заедно со нејзиниот сопруг, таа, како што велат тие што добро ја познаваат остана да стои цврсто на земјата.
Тоа посебно го потврди со изјава за српските медиуми деновиве кога се подготвува за спектакуларен настап во белградската арена за што пејачката побарала да ѝ биде исполнет само еден услов.
„Зад сцената барам само негазирана вода. Не знам каква ѕвезда ме прави тоа, но како и да е, нема да ја сменам листата“, вели скромно Драгана.
Да, тоа е таа Драгана што ја сака публиката која остана своја и приземна и покрај многуте награди што ги има освоено во текот на својот живот, но секако за неа најголема награда е публиката која со децении ѝ искажува доверба и со нетрпение ја очекува на концертите.
Сепак, да потсетиме со какви се награди се закити Драгана во текот на својата долгогодишна кариера. Здружението на радио станици на Србија во 1993 година ја прогласило Драгана Мирковиќ за „Пејачка на деценијата“.
Истата година, иселениците во дијаспората ја избрале за најпопуларната личност во периодот на трета Југославија. Драгана го зазела високото второ место, зад тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ. Трипати по ред победила на некогаш најголемата фолк манифестација „Посело 202“.
Драгана Мирковиќ има освоено 9 Оскари на популарност. Добитник била на „Мелка“ како пејачка која ја одбележала 1995 година. Мирковиќ двапати ја добила наградата за најдобра пејачка на сите времиња – Оскар во БиХ 2006 година и Победник на Белград 2007 година.
Во 2008 година, гледачите на популарната бугарска телевизија „Балканика“ ја прогласиле за најпопуларна пејачка на Балканот
Долго време била во врска со Зоран Башановиќ, кој ѝ бил и менаџер, но се омажила за Тони Бјелиќ, бизнисмен кој живеел во Виена. Со него има и две деца, Марко (2001) и Мануел (2002).
По склучување на нејзиниот брак, Драгана се повлекла од очите на јавноста. По четиригодишна пауза, таа го снимила албумот кој претставувал повратен албум кон сцената.
Овој албум носел име ,,Трага од минатото” во 2004. Во текот на кариерата Драгана одржала шест самостојни музички турнеи, а продала 1,5 милиони билети. Помалку продадени билети имала само од Лепа Брена.