Вести

До крајот на годината овие граѓани ќе добијат 6.000 денари плус на своите сметки

Advertisement

„Во економскиот сегмент се што сме ветиле во 2020 година, во 2024 може да се гордееме дека е направено и повеќе од тоа што е ветено. Во политиката затоа се влегува, да ветиш и исполниш“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека СДСМ вети просечна плата од 34 илјади, а сега таа е 40 илјади и новото ветување е дека до 2028 година ќе биде 1100 евра.

Advertisement

„Сметам дека не може да има алиби дека ветуваме, ама не исполнуваме. Не, сме ветиле, сме исполниле. Тоа значи дека во 2028 година, реално ќе биде 1100 евра просечната плата и со првата година на влез во ЕУ, таа ќе се искачи на 1300 евра“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ветувањето за минималната плата беше дека ќе биде 20 илјади денари до јули 2024 година, а од март таа е 22.500 денари.

„Надминато е тоа шт ое ветено. И велиме дека минималната плата ќе биде 600 евра до 2028 година“ рече Битиќи.

„Секоја година, според закон има усогласување и зголемување на пензиите. Минималната пензија до 2028 година ќе биде 20 илајди денари, а просечната ќе биде 30 илјади и секоја година ќе добиваат 100 евра, секој пензионер, како К-15 или регрес. Ова го темелиме на тоа што сме го виделе за системот да не пропадне“ рече вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќ во „Реално“ на 24инфо.мк.

Тој додаде дека сите покачувања се прават без да се креира дефицит на пензискиот фонд, за разлика од ситуациајта до 2016 година.

„Забораваме, но во 2016 година кога дојдовме, не зборувавме ние, самите зборуваа дека пензискиот фонд е пред крах. Тоа не го направиме ние, нивното владеење 12 години го направи тоа“ рече Битиќи.

Во однос на Конгресот и листите за пратеници, Битиќи кажа дека не се точни наводите на одредени медиуми дека имало некакви кавги и тензии на Конгресот.

„Во СДСМ има многу добри луѓе, луѓе кои можат да придонесат. Листата на номинирани кандидати беше преку 1.200 и секогаш кога треба 10% од нив да се најдат на листата, тогаш изборот е тежок. Сметам дека овој збир на листата е збир на искуство, знаење и вредности и мислам дека само овие три работи можат да сочинат добра листа“ рече тој, додавајќи дека листите се оптимални и можат да го донесат најдобриот изборен резултат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button