Вести

Дојде до конфликт и следуваше крај на бракот: Сека Алексиќ се разведе, а ова е причината

Advertisement

Разводот на Сека Алексиќ беше голема тајна.

Пејачката со години важи за една од најпопуларните на Балканот, а покрај успешната музичка кариера, таа е и остварена семејна жена и мајка.

Advertisement

Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ речиси деценија и пол живеат вистинска бајка, а нивната голема љубов ја крунисаа нивните наследници Јаков и Јован со кои живеат во луксузна вила во Стара Пазова.

инстаграм

Сепак, она што е помалку познато во јавноста е дека таа била мажена пред Вељко, а првиот сопруг на Сека Алексиќ и задал сериозни „главоболки“.

Кога имала само деветнаесет години, Алексиќ се омажила за Душан Василиќ од Бјелина, од кого се развела само една година подоцна, а подоцна скапо ја чинела оваа младешка, непромислена одлука што ја донела додека живеела во Швајцарија.

Имено, Василиќ своевремено по разводот ја обвини Сека дека му должи 40.000 евра кои ги вложил во нејзината кариера и ЦД.

инстаграм

Се пишуваше и дека и се заканувал на пејачката и барал да и ги врати парите вложени во нејзиниот прв албум, а во оваа прилика дал изјава за тамошните медиуми.

– Од неа сакав да создадам познат поп лик, а не кафанска пејачка…

Така се случија првите конфликти, кои на крајот доведоа до крај на нашата врска токму кога беше завршен материјалот за ЦД-то.

– Седнавме двајцата и и пресметавме дека целата работа што ја финансирав чини околу 40.000 евра.

инстаграм

Се договоривме да продолжи без мене, но да ми плати 23.000 евра – изјави претходно првиот сопруг на Сека Алексиќ, додека таа не сакаше ниту да ги потврди ниту да ги демантира овие наводи, но остана доследна на својата одлука да не зборува за луѓе кои се одамна надвор од нејзиниот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button