Реклама
Холивуд

„Досадните“ ниски чизмички на мајката која повеќе ја сака удобноста од трендовите

Реклама

Мила Кунис многупати досега има покажано дека во слободното време нема намера да се оптоварува со модата.

Поради тоа оваа позната мајка на 4-годишната Вајат Изабел и 2-годишниот Димитри Портвуд, многу често имаме шанса да ја видиме во максимално лежерни изданија, за разлика од многу други познати дами.

Маркетинг

Мила и овој пат избра едно такво издание.  Во прашање е комбинација што ја носеше додека ги носеше децата во градинка. И додека многу други познати дами и во своите секојдневни обврски често можеме да ги видиме со „вечерна“ шминка и гламурозна облека за да фотографите не би ги фатиле во обично издание, 35-годишната Мила им остана верна на своите омилени фармерки и тренерки кои ги комбинира со едноставни џемпери или маици.

Маркетинг

И наместо високи потпетици од кои, на пример, Софија Вергара, не се одвојува, па дури и кога оди во продавница, Мила редовно избира удобни чевли. Меѓу нив се и овие ниски чизми што ги „фураше“ додека ги носеше децата во градинката. Овие едноставни чизми со ниски потпетици можеби не се најновиот моден тренд, бидејќи немаат впечатлив украс или популарна текстура, но Мила во нив може да се движи брзо, а нејзините нозе сигурно не „страдаат”.

Одличен избор за славна личност на која удобноста секогаш и е на првото место, додека експериментирањето со трендови го остава за црвениот тепих. Браво!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button