Реклама
Бебиња

Допирот со мајчината кожа делува смирувачки за бебињата

Реклама

Бебињата треба со своето тело да ја допираат мајчината кожа – тоа ги смирува и им делува терапевтски

Најдобриот начин за чување на новороденото бебенце е директниот контакт меѓу кожата на детето и родителите. Кога бебето ја допира мајчината кожа тоа делува смирувачки за него и затоа негата кожа на кожа им се препорачува на мајките.

Таквиот близок физички контакт посебно помага кај бебињата кои се предвремено родени

Можеби ќе се изненадите, но повојувањето на бебињата не е најдобриот начин на новороденчето да му биде удобно. Според последните повеќегодишни истражувањата, практикувањето на нега кожа на кожа, односно директен контакт на кожата на детето и родителот, е многу подобар начин за смирување на новороденчето и неговата удобност.

Маркетинг

„Нашите тела имаат неверојатна способност да ја подигнат телесната температура на новороденчето и нејзиното одржување на вистинското ниво“, вели професорот др. Гене Кранстон Андерсон од Универзитетот во Кливленд. Таквиот близок контакт посебно им помага на предвремено родените бебиња, и ако така се чуваат помалку плачат, подолго спијат и полесно се навикнуваат на доење.

Маркетинг

Нега кожа на кожа е начин на чување на новороденчето така што постои директен контакт меѓу кожата на детето и родителите. Бебето кое треба да биде облечено само во пелени нежно треба да го наместите во пределот на вашиот граден кош, во исправена позиција. Овој вид на нега посебно се користи кај бебињата кои се предвремено родени, бидејќи на овој начин се регулира телесната температура на бебето, но и работата на срцето и дишењето.

Звуците на мајчиното срце се слични на оние што бебето ги чувствува додека се наоѓа во матката, а контактот кожа со кожа предизвикува емоционален и ментален развој на бебето. Предвремено родените деца често имаат проблеми со координација на дишењето и работата на срцето, а истражувањата покажаа дека овој начин многу им се помага на овие деца.

Допирот на мајчината кожа со новороденчето се покажа делотворно во намалување на болките на детето во три истражувања. Краткото време на закрепнување е многу важно во одржувањето на здравјето на детето.

Истражувањата покажаа дека бебињата чие тело се стоплува преку допир на кожа со кожа закрепнуваат од болките за минута и пол, додека бебињата кои биле во инкубатор им требало повеќе од три минути.

Оваа нега му помага на бебето при стабилизација на работата на срцето и регулација на телесната температура. Подобро ќе спие, помалку ќе плаче, а дури може и побрзо да му се развива мозокот. Ако вашето дете не го доите од почеток, допирот на кожата може да помогне бебето да почне да цица.

Негата кожа на кожа секако може да се користи со слични предности и кај бебињата кои се родени по терминот.

Поврзано

Back to top button