Реклама
Новости

Дона до последен момент се бореше како лавица, а нејзината последна ФОТОГРАФИЈА со оваа порака се уште стои на Инстаграм

Реклама

Познатата пејачка Дона Арес долго време се бореше со ракот и до последен ден не ја губеше надежта во животот.

Фото: Инстаграм/ Дона Арес

Босанската пејачка Дона Арес почина пред неколку години откако ја изгуби битката од тешката болест. Таа се бореше како вистинска лавица, стана синоним за храброст и покажа како изгледа жена што се бори за живот.

Но и покрај сите тешкотии низ кои што поминуваше таа никогаш не се откажа од животот, иако излезе дека животот се откажа од неа.

Таа не напушти во 2017 година кога имаше 41 година, а прв пат за болеста дозна кога имаше 39 години, кога и соопштија дека боледува од тежок облик на карцином и кога ја започна својата најтешка битка.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Дона Арес

Дона два пати успеа да ја победи болеста, но таа секогаш и се враќаше. Третиот пат беше кобен за неа.

Фото: Инстаграм/ Дона Арес

Инспирирана од тешката борба со опаката болест, таа напиша автобиографска книга „Соба за никого“ во која што ја претстави својата исповед.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Дона Арес

Пет дена пред да не напушти таа на својот профил на Инстаграм објави една фотографија од пред болеста.

Фото: Инстаграм/ Дона Арес

„Ве сака вашата Дона Арес“ напиша таа и по само неколку дена почина, a фотографијата се уште стои на нејзиниот профил.

Рак на белите дробови

Рак на бели дробови е болест карактеризирана со неконтролиран клеточен раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес којшто се нарекува метастазирање.

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија. Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија.

Фото: Инстаграм/ Дона Арес

Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година

Што се однесува до тоа што предизвикува да се појави оваа опасна болест, според докторите ракот само во мал процент е резултат на генетските фактори, а многу повеќе на начинот и стилот на живеење, односно на нашето однесување и влијанието на средината. Конкретно за рак на белите дробови најголем причинител е пушењето. Ризикот можат да го зголемат и некои други фактори – изложеност на чад од цигари, односно пасивно пушење, изложеност во животна или работна средина во која е присутен радон, азбест или силикати кои ги има во рудниците, потоа загаденоста на воздухот што е многу чест случај во Македонија, како и професионалната изложеност на некои хемиски соединенија

Статистиката е поразителна!

На важноста за превенција предупредуваат и поразителните бројки – секоја година во земјава околу 6000 луѓе во просек се дијагностицираат со рак. Канцерогените заболувања се втората причина за смртност во нашата држава, веднаш по болестите на циркулаторниот систем. Околу 20 проценти од вкупно умрените всушност умреле од некој рак и оваа бројка според последните истражувања во Македонија постојано расте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button