Реклама
Наши ѕвезди

Долго чувана тајна: Еве кој стои зад УСПЕХОТ на Индира Радиќ!

Реклама

Фолк пејачката Индира Радиќ денеска може да се пофали со богата и долга кариера со многу хитови.

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

Се тоа не би било така ако во далечната 1996 година во критичниот период не и помогнал Саша Поповиќ, директорот на „Гранд“ продукција.

Имено, Индира на почетокот на кариерата издаде неколку албуми со „Јужен ветер“, а потоа и еден албум во 1995 година за “PGP RTS”, со кого се издвои и хитот “Srpkinja je mene majka rodila”.

Маркетинг
ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

Меѓутоа, Индира по големиот успех на споменатата песна останала без пари. Не знаела што ниту каде, па за помош се обратила кај Саша Поповиќ.

– Индира прв пат ја запознав на една турнеја во Швајцарија, а првата соработка ја остварив со неа во 1996 година.

Маркетинг
ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

Дојде во продукција, онака во патики, фармерки и ми рече: Дали можете вие нешто да ми направите, јас пари немам, ако може нешто да се направи, направете, ако не, добра ноќ и довидување.

Јас и реков дека ќе и направам албум и да се јавиш на први септември, раскажа Саша Поповиќ во емисијата Вечер со Индира Радиќ на Гранд.

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

Индира во соработката со Саша снимила албум каде се најде и хитот „Круг“, а потоа продолжила да реди успеси се до денес.

Работи кои не ги знаеме за пејачка Индира Радиќ, но таа открива за публиката за своите почетоци на кариера, и раскажа како било кога за прв пат дошла во Србија.

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

-Најмногу заради мајка ми, која не сакаше да станам пејачка, се запишав во медицинско училиште.

И далечината беше проблем за мене. Најблиското музичко училиште беше во Бања Лука, но тој град е оддалечен речиси шеесет километри од родниот Драгаловац.

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

Од друга страна беше Добој, кој е речиси половина поблизу, но имаше само медицинско училиште.

Одбрав да патувам секој ден, но да спијам дома. Имам убави спомени за работата во болницата во Загреб”, вели за РТВБН.

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

-Колегите многу ме сакаа заради мојата непосредност. Но, не ја занемарував и музиката, постојано им пеев и на пациентите и на колегите.

Останав во контакт со некои од нив и до денес”, додава таа. Но, бидејќи нејзината најголема љубов било пеењето, решила да замине во Белград, а медицината да остане дел од минатото.

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

-Добро го запознав Белград дури по долг престој во него. Денес, Белград и Србија се моја татковина.

Бидејќи сум патник, уметник, секогаш чекам кога ќе слетам во моето пристаниште во Белград, каде што ме чекаат моите најблиски. Тука сум најмирна.

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

На почетокот беше многу тешко! Дојдов од мало место, зборував на дијалект, не знаев никого.

Ми требаа цели три години да се навикнам и да започнам со музичка кариера”, вели пејачката Индира Радиќ

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм
ФОТО: Индира Радиќ / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button