Долго го посакувал тоа: Не сака да го гледаат како деденце, па направи операција за да не прави деца
Последното појавување на поранешната сопруга и сегашна девојка на 48-годишниот турски актер Дениз Озџанз, Фејзе Актан ги збуни турските медиуми.
Двојката е видена во еден трговски центар, а после тоа на романтична вечера. Двата пати 28-годишната Фејза носеше фустанчиња кои го отцртуваа нејзиното стомаче, и истото го забележаа и корисниците на социјалните мрежи, по што во медиумите се појави прашањето дали очекуваат поранешните сопружници второ дете.
https://www.instagram.com/p/CEi4mgDs3IY/?utm_source=ig_embed
Иако одговорот на тоа прашање се уште не е познат, повторно почна да се пишува како овој заводник се одлучил на оперативен зафат после кој мажот по природен пат повеќе не може да зачне деца.
https://www.instagram.com/p/B2W3VfWhXzv/
За тоа се пишуваше и пред година дена, но како што наведуваат одредени турски медиуми Озчан ова лето тоа и го направил. Имено, како што говорат извори блиски до актерот, многу бил загрижен за тоа што доцна добил дете (и што другото веројатно му е на пат), па наскоро сите ќе мислат дека на сопствените деца им е дедо, а не татко. Таа одлука не ја поддржала неговата сопруга која отсекогаш сонувал за тоа да има три деца.
https://www.instagram.com/p/BrC0evpgrb_/
„Немаше големи потешкотии по операцијата, но по зафатот му се појавило воспаление на тестисите кое траело подолго отколку што лекарите мислеле. Но сега се е супер и Озџан повеќе не мора да се грижи дали ќе направи уште некое дете“, рече извор близок до еден од најпосакуваните турски актери.
https://www.instagram.com/p/BjkkN7_HobC/