Доктор со автомобил удрил во мајката на Јордан Мите И ИЗБЕГАЛ: „Како кучиња ги остави на патот“
Страшна тpa-гедиja ја потресе деовиве цела Маедонија, а популарниот македонски пејач поттикнат од целата ситуација, си ја отвори душата и раскажа низ што поминале тој и неговото семејство.
Пред два дена, на крстосницата кај Сити мол, 22-годишник кој возел со преголема брзина, прегазил момче и девојка. Девојката, по потело од Радовиш, која имала 24 години животот го загубила на лице место. Нејзинот момче е пуштено на домашно лекување.
-Осомничениот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомниченио управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница. Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа, се вели во дописот од ОЈО.
Овој настан ја рзбесни македонската јавност и предизвика бура реакции.
Сите се прашуваат дали момчето ое прегази две млади лица ќе добие соодветна казна?
Дали животот има некваква вредност?
По тој повод се огласи и македонскиот фолк-пејач Јордан Митев, кој откри дека и неговата мајка доживеала нешто слично и запраша колку вреди човечкиот живот?
„Колку вреди?! Хм, најверојатно кај нас вреди многу малку. Во развиените земји животните имаат поголема вредност…За жал“.
„Пред 2 години мојата мајка, заедно со еден наш роднина стоејќи на тротоар, младо пијано докторче со својата кола, ги подбира и двајцата од тротоарот. Ги удира и побегнува без да застане и пружи помош. Како кучиња ги остава на патот. Среќа останаа живи. Мајка ми со скршена рака, роднината со скршена нога и дополнителни компликации. За иронијата да биде поголема, докторчето (убав на мајка) е син на докторка која работи во Подареш, која пак беше матичен доктор на мајка ми. Без грам доблест и одговорност, се криеа се додека полицијата не докажа со силни докази дека вистина тој го има направено делото. На крај, и дадоа некоја минимална оштета колку да не биде без ништо, а докторчето убав на мајка, кој утре ќе лекува луѓе и ќе биде одговорен за човечки животи со 3 месеца затворска казна, за која што се сомневам дали и таа ќе си ја одлеже. На нас само дебели казни, да ни дојде паметот“.
„Како знаеме од Табановце нагоре да бидеме и културни и да почитуваме се што треба, па нормално, таму нема “убав на мајка”, Си направил прекршок, ќе одговараш и ќе си платеш.
Сочувство до фамилијата во Радовиш“, напиша тој на Фејсбук.
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев
ФОТО: Инстаграм / Јордан Митев