Реклама
Вирално

Доктор од САД објаснува како правилно да се заштитиме додека спиеме: Многумина вака се заразиле од коронавирусот без да знаат

Реклама

Луѓето се под голем стрес да не се заразат од коронавирус додека спијат. Според зборовите на пулмологот и истражувач од Сиетл Брус Л. Дејвидсон тоа се случува при аспирација на секрет од грлото во кој може да се наоѓа вирусот.

Освен преку воздухот, новиот коронавирус може да влезе во нашиот организам и преку течност во носот или грлото, па низ гркланот ќе се спушти до нижиот дел од респираторниот систем. Студиите покажаа дека барем половина од луѓето – младите, средовечните и старите – ги вдишуваат остатоците од грлото во текот на спиењето. Што ви е сонот поцврст, толку се шансите поголеми да дојде до аспирација.

Ако имате оштетување на белите дробови поради пушење, ако голтате секрет, што сите правиме кога спиеме, голема содржина од грлото ќе заврши во белите дробови.

Маркетинг

Количеството на вдишената течност во текот на спиењето е сосема доволна да предизвика воспаление на белите дробови – така всушност доаѓа и до повеќето воспаленија на белите дробови.

Зошто тогаш не се будиме секое утро со воспаление на белите дробови?

Прво и најважно, кај повеќето луѓе носевите и грлата содржат здрава бактерија, а не микроби како што се коронавирус, кој доведува до воспалување на белите дробови. Втора причина поради која немаме воспаление на белите дробови цело време е тоа што белите дробови содржат одредени ќелии кои ги убиваат микробите кои ќе залутаат во нив. Третата причина е тоа што здравите луѓе имаат силен систем кој ги пренесува вдишаните бактерии и вируси во душникот и ги спушта во хранопроводникот, па тие се голтаат со плунката. Некои луѓе ќе добијат блага дијареа од овој вирус, зошто тој не може да ги зарази ќелиите во вашиот желудник.

Маркетинг

Кога сме будни, ако случајно вдишеме течност или нешто друго, тоа се искашлува ако лицето има нормален рефлекс за кашлање и силно искашлување. Сите овие заштитни фактори се послаби кај оние кои имаат болест на белите дробови или слаб имунолошки систем поради староста.

Што го зголемува ризикот од болеста?

Подложноста кон инфекции на белите дробови и кое количество коронавирус завршило во нив. Лицата со послаби бели дробови, кои се оштетени од пушење или астма и оние со слаб имунолошки систем, се под поголем ризик дури и ако ги нападне помало количество вируси.

Од друга страна, здравите луѓе најчесто можат да се изборат со мало количествобвируси или имаат благи симптоми, но ако се изложени на поголемо количество, и тие може сериозно да се раболат.

Како да се намали изложеноста на коронавирус и во текот на денот и во текот на ноќта?

Не им приоѓајте на луѓето и избегнувајте големи собири, па дури и кога сте надвор, бидете на дистанца. Освен тоа потрудете се да не поминувате многу време во простории со лоша вентилација во која некој кашлал или кивал.

Бидете посебно внимателни ако спаѓате во ризичната група. Носите заштитни маски и мијте ги рацете и лицето со сапун и топла вода за да го намалите количеството вируси кое ќе дојде на вашето лице. При миење немојте да користите силни сапуни кои можат да предизвикаат иритација. Освен тоа редовно дувајте го носот. Мијте ги забите и јазикот и користете течност за испирање на устата еднаш до двапати дневно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button