Реклама
Вирално

Доктор Даница го победи коронавирусот: Има 3 совети до сите кои се сомневаат дека се заразени од вирусот

Реклама

Д-р Даница Грујиќ, директорка на Институтот за онкологија и радиологија, го опиша својот тек на болеста откако се посомневала дека е заразена од коронавирус.

„Изгледаше како обична настинка. Алергична сум на амброзија, имав кивавица, еден ден температура и чувствувал слабост и изнемоштеност. Кога ги добив резултатите од брисот и видов дека се позитивни постапив онака како што ми рекоа “, рече докторката.

Маркетинг

„Се изолирав, пиев витамини, диклофенак. Мирував како да имам 40 температура, а јас имав само 37,3 и тоа само еден ден, вели докторката која потоа ја опиша и својата терапија.

Таа рече дека, откако се излекувала од коронавирусот, се ѝ е добро и веќе подолго од 12 дена нема никакви проблеми.

Маркетинг

– Мачнини имав само првите два дена, првиот брз тест беше негативен, беше свежа инфекција. Се посомневав на ковид зошто бев на погреб каде што имаше многу луѓе на мал простор. Треба да се слуша фелата и дека тие големи собири треба да се одбегнуваат. Некој кој поминал покрај мене веројатно бил заразен, а тоа не го знаел и мислам дека тука се заразив, објасни таа.

Докторката уште еднаш истакна дека е важно да се слушаат советите од лекарите и одстручната медицинска фела.

– Навистина треба да се прави онака како што зборуваат. Не пиев антибиотик, имав среќа што тие тегоби беа само ден два, но јас бев во изолација две недели.

„Оној момент кога ќе почувствувате и најмала температура и дека тоа може да биде обична настинка, мора да мислите на ковид-19. Треба да се тестираате и да се обратите на лекар“, рече таа во интервјуто на утринската програма на Прва.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button