Реклама
Вирално

Докторка испрати силна порака: Кој мисли дека короната е само настинка нека дојде да ги види пациентите на клиника како дишат

Реклама

Со доаѓањето на есента, а потоа и на зимата навлегуваме во период на инфекции од сезонски грип како и на нов бран епидемија од коронавирус.

Вирусот воопшто не е безопасан, ниту клиничката слика поблага, вели професор д-р Весна Туркулов, началничка на Инфективната клиника при Клиничкиот центар Војводина.

Маркетинг

Таа говори за изминатите шест месеци борба против коронавирусот на оваа клиника каде моментално на сила е деветта верзија од терапискиот протoкол и не е исклучено тој и во иднина да се менува.

Маркетинг

Денеска тоа време на почетокот на пандемијата и се чини далеку. Појавата на инфекцијата во Кина, избивањето на епидемијата во Италија, грижат и интензивните подготовки за доаѓањето на вирусот во Србија.

Како некој кој учествувал во работата на републичките стручни комисии, вели дека тогаш се обидувале да соберат најнови сознанија за оваа инфекција како и искуства од земјите каде веќе се појавила.

– Направено е стручно методолошко упатство за користење на лична заштитна опрема, направен е план за постапување во случај на појава на заболени и составен е тераписки протокол. Знаењата во почетокот беа доста оскудни, но со тек на време се зголемуваа, а односот кон овој вирус се менуваше. Исто така целиот здравствен систем на земјата беше реорганизиран, а се беше подредено кон оваа болест. Терапискиот протокол кој беше изработен мултидиспциплинароно и кон кој се придржувавме во целата земја, моравме повеќе пати да го модификуваме, во склад со пристигнувањето на нови знаења и искуства, вели Туркулов, која е и редовен професор и шеф на катедрата за инфективни болести при Медицинскиот факултет во Нови Сад.

– Гледајќи од оваа перспектива, по само половина година траење на епидемијата, март изгледа многу далеку. Во првиот налет на оваа епидемијата ние во Војводина поминавме релативно добро, со прилично мал број на заболени во однос на остатокот од земјата. Другиот налет, кој почна на крајот на јуни, донесе двојно поголем број заболени, но и многу нови сознанија и лични искуства, наведува таа.

Вели дека за време на пандемиајта имало многу впечатоци, посебно голем број заболени, целосна реорганизација на работата, каква што досега немало, дури ни при епидемијата на грип, морбили, западнонилска треска и други.

– Имаше многу пријатели, познаници, колеги, членови на семејствата на заболените. Многу од нив беа со тешка форма на болеста, што секако не е лесно, посебно кога некого лично познавате. Истовремено, дојде до подобро запознавање на колеги од други специјалности и воспоставување на нова соработка низ заедничка работа, наведува Туркулов.

– Клиниката за инфективни болести стана и остана стожер во оваа епидемија. Првиот заболен пациент во Србија и сите најтешко заболени во Војводина се лекувани на оваа клиника. Со тек на времето, одредени други клиника вклучуваа и лекување на сите овие болни, но и излегувањата од системот, но нашата клиника беше и остана единствена која сето време ги лекуваше сите овие пациенти без ден пауза. Во овој момент, кога значително е намален бројот на заболени, сите заболени од ковид инфекцијата се наоѓаат на нашата клиника. Амбулантата на клиниката работи непрекинато и сите пациенти се прегледуваат и примаат низ амбулантата на нашата клиника. Досега над 1.500 болни беа болнички лекувани, а над 3.000 амбулантно. Сите до еден вработен беа вклучени во лекувањето на сите болни, немаше годишни одмори, ниту слободен ден. Како лекарите, така и медицинските сестри и помошниот персонал покажаа голем професионализам, ентузијазам и храброст и јас како управник на клиниката на тоа многу сум им благодарна, и на сите нив сум горда, објаснува докторката.

Таа наведува дека здравствениот систем на Србија е добро подготвен за да одговори добро на епидемијата.

– Инфекцијата со Ковид 19 започна во зима, кога епидемијата на грип сè уште траеше, така што на почетокот на епидемијата не беше лесно да се направи разлика дали станува збор за корона или грип. Влегуваме полека во есента, а потоа во зима кога ќе имаме сличен проблем и кога ќе треба да го исклучиме грипот како можна причина за болеста. Вирусот во никој случај не е безопасен, ниту пак клиничката слика му е поблага. Искрено се надевам дека сега стекнавме одреден задоволителен колективен имунитет, имајќи предвид дека голем број луѓе беа болни и дека луѓето циркулираа, што не беше случај во првиот бран, кога имаше многу помалку пациенти и кога сите беа изолирани поради вонредната состојба – објаснува лекарот.

Таа исто така објаснува дека најголемата заблуда кај граѓаните е дека короната и обичната настинка се исти.

– Најголемата заблуда кај граѓаните во врска со коронавирусот е тоа е обична настинка која лесно се лекува, дури и дека болеста е измислица, маркетингшки трик или производ на мрежата 5G. Јас би сакала сите што мислат барем еден час да поседат на една од клупите пред и да ги гледаат бројните пациенти кои пристигнуваат, тешко дишат , ги извлекуваат од брзата помош приклучени на боци со кислород, да ги видат бројните здравствени работници како деноноќно облечени во скафандери и целосна опрема по најголемите горештини бдеат над пациентите. Речиси сум сигурна дека би се предомислиле, вели докторката.

Мора да се помириме со коронавирусот

– Мислам дека од коронавирусот тешко ќе се ослободиме од короната, но ќе научиме на соживот со неа и со тек на време ќе биде како другите заразни болести. Што се однесува до вакцината, ќе видиме каков ќе биде ефектот со оглед на тоа што не сме сигурни остава ли оваа болест имунитет и каков квалитет и траење ќе има. Но, сигурно дека дека светот ќе биде поинаков, свеста кај луѓето ќе биде поинаква и се надевам дека сите ние од оваа голема несреќа ќе извлечеме некои поуки, вели докторката.

Поврзано

Back to top button