Докторка добила отказ затоа што колешките пријавиле дека ја напуштила работата 28 минути порано

Германија се споменува како „ветена земја“ за здравствените работници од Балканот, но како функционира здравствениот систем таму покажува и случајот со докторката која доби отказ откако нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата во Хамбург 28 минути порано, откако била на должност 24 часа, а работела таму 23 години.
Франциска Шлосер ја тужеше болницата и доби 400.000 евра отштета.
„Не можам да дозволам обвинението да стои така. Не направив ништо лошо. Сега доаѓаат и ја конструираат оваа измама со работно време. Апсурдно е“, вели 54-годишната жена, а пренесува „Н1“

Докторката беше поддржана и од Marburger Bund (MB), најголемото германско лекарско здружение. Катарина фон дер Хејде е директор на МБ Хамбург и нејзина правен застапничка. „Вонредното разрешување не беше издадено навреме“, рече таа.
Шефот на болницата Филип Ветенгел изјави дека немаат намера да се борат против докторката.
„Рекоа дека си заминала порано. Изјавата на сведокот беше веродостојна. Но, не знам што точно се случи и сакам да завршиме со ова“, рече Ветенгел на судот во Хамбург.

Докторката Франциска Шлосер добила отказ затоа што нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата 28 минути порано по 24-часовна дежурство, пренесува магазинот „Феникс“.
Го тужела својот поранешен работодавец, здравствена установа во Хамбург каде работела 23 години, а на крајот добила отпремнина од 400.000 евра.
„Вонредното разрешување не беше навремено доставено“, посочи таа.
Раководителот на болницата Филип Ветенгел не сакаше да се продлабочат правните постапки.

„Ми кажаа дека си заминала порано. Изјавата на сведокот ми е веродостојна. Но, не знам како беше и сакам да го завршам ова“, изјави тој пред судот.
Судот одлучи дека обвиненијата се неосновани, па се повлечени. Шлосер доби значителен отпремнински пакет, со договор да ја напушти болницата на 31 јануари.
„Голем товар падна од моето срце. Ќе се смирам малку, ќе земам воздух и ќе барам нова работа“, изјави таа во интервју за RTL.




