Реклама
Вирално

Докторката кој работи на Оксфорд вакцината даде мрачна прогноза: Вирусите се почесто ќе преминуваат од животни на луѓе

Реклама

Модерниот стил на живот во блиска иднина веројатно ќе донесе уште повеќе вируси кои ќе поминуваат од животни на луѓе и ќе предизвикува пандемии, предупреди професорка и научник која стои зад вакцините против ковид.

Професорката Сара Гилберт, вакцинолог од оксфордскиот Институт Џенер, вели дека се поголемиот пораст на глобални патувања и популацијата провлекува зад себе ризик од избивање на зоонотични инфекции.

Маркетинг

Гилберт вели дека моменталната пандемија од коронавирус расветли колку меѓународните патувања го забрзуваат ширењето на вируси кои тешко може да се искоренат во места со голема популација.

Последните години болестите кои се пренесуваат стануваат повообичаени поради се поголемото размножување како и сеча на шумата, што се два фактори кои ги ставаат животните блиску едни до други како и кон луѓето.

Маркетинг

Иако потеклото на вирусот кој го предизвикува ковид-19 се уште не е познато, научниците генерално се сложуваат дека од лилјаците преминална друго животно, а потоа на луѓето.

– Со оглед на тоа како работите функционираат во светот, во иднина може да очекуваме избивање на епидемии на зоонотични инфекции. Поголемата густина на населението, повеќе патувања, сеча на шумите,се се тоа работи кои ја зголемуваат веројатноста дека ќе дојде до избивање и нештото ќе продолжи да се жири понатаму, наведе Гилберт.

Гилберт оваа недела објави дека нејзиниот тим наскоро ќе им ја претстави на регулаторните тела вакцината против ковид-19, наречена AZD 1222.

Ковид-19 досега се покажа како најсмртоносна зоонотична болест од која животот го загубија околу 850 илјади луѓе во светот, а заразени се повеќе од 25 милиони. Тука се и други примери како ебола, која има потекло од мајмуните, МЕРС од камилите, вирусот Западно нилска треска ја пренесуваат комарците, а беснилото главно кучињата. Секоја година од зоонотични болести умираат околу 2 милиони луѓе, главно во сиромашните земји.

Обединетите нации во јули предупредија дека бројот на такви епидемии ќе се зголемува доколку не ја заштитиме природата и дивите животни.

Уништувањето на хабитатот на животните ги принудува на поблизок контакт со луѓето што го зголемува ризикотза преносна болести, а климатските промени се уште еден фактор кој може да придонесе за тоа. Поплавите, кои се последица на екстремни временски услови, стануваат се повообичаени, а освен човечки се уништуваат и животински живеалишта.

Магазинот Дејли мејл потсетува дека глодарите на Мадагаскар ја рашириле бубонската чума бегајќи од пожарите кои сега исто така се вообичаена појава на Земјата, поради глобалното затоплување.

И човечката активност е фактор, како лов и јадењето месо од дивеч, како и илегалната трговија со животни. На пазарот во Вухан, за кој се смета дека е точка на потекло на новиот коронавирус, можеле да се купат змии, дабари и млади крокодили.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button