Докторката која ја победи вариола вера објаснува зошто расте бројот на заболени во Србија и Македонија: Се однесуваат како пуштени од ланец!
Докторката Ана Глигиќ, шефица на „Торлак“, која своевремено ја запре епидемијата на вариола вера во тогашна Југославија, го коментираше растот на бројот на заболени и сmртни случаи во Босна и Херцеговија, Србија и Македонија од ковид-19.
Запрашана дали станува збор за втор бран од епидемијата со коронавирус, докторката рече:
-Мене ова ми е нормално. Тоа беше голема епидемија, пандемија… Нас, секако најмногу не интерсира тоа што се случува на Балканот, но пандемијата е присутна и во Европа, и во Америка. Тоа е нормално. Тоа се таканаречени опашки, џебови кои останале. А попуштањето на мерките придонесоа за тоа. Но се мораше да се попушти! Зошто и вака не можеше повеќе. Не можете да ме затворите, ми престанаа сите активности. Економијата замре.
Освен тоа, не знам што покажуваат вашите анализи, но ако главно станува збор за постари лица, секогаш е засилена смртноста после зимата, на пролет, и така некаде до месец јуни. Постарите лица главно тогаш умираат. Јас не знам дали сте забележале, но ако се направи анализа, ќе видите дека тоа е така. Е сега, вирусот сигурно им помога на тие стари луѓе да заминат пред планираното, ако може така да се изразам. Но, нема прпавила, овој вирус е една тешка, тешка, непозната, рече д-р Глигиќ.
За тоа дали е непоходно воведување на нови мерки, вели дека таа не би воведувала повеќе мерку туку би го воспитувала населението и тоа постојано, како да се чува самото себе.
– Секој ден треба да се даваат совети што да се прави, како да работат, но поостри мерки – мислам дека не би требало да се воведуваат. Еве од која причина. Народот и премногу е притиснат. Како пуштен од ланец се однесува кога мерките се укинати. Во Белград гледате корзо, сите излегоа масовно. Неверојатно. Никогаш не сум видела толку многу луѓе како кога ги олабавија мерките. Едноставно како пуштени од ланец.
– Значи потребен е притисок преку медиумите. Повеќе новинари да вршат притисок, за граѓаните сами да се чуваат. Зошто мерките може да доведат до контраефект. Зошто знам какво е расположението меѓу народот. Доста им е од сето тоа. Секој треба да се држи до она што е пропишано, а не да се донесуваат некои декрети. Народот е чувствителен на декрети, на наредби. Тогаш му се појавува некаков инает. Нема! Само воспитување и големо влијание преку медиумите, објасни д-р Глигиќ.
Доктор Ана Глигиќ вели дека епидемиолошката ситуација треба да се запознае, но дека нејзе лично и било многу чудно што бројот на заразени и мртви е толку голем.
– Најважно е да се знае начинот на пренесување, зошто во старт се говореше дека е преку капки. За мене беше чудно што има по 1.000 сличаи дневно и си реков – сите да се бакнуваме и плукаме едни на други не би било вака – вели д-р Ана Глигиќ која пред 50 години ја запре „вариола верата“.
Би требало, според нејзините зборови, да се запознае епидемиолошката ситуација, а потоа да се тргне кон испитување на вирусот.
Додава и дека вирусот се пренесува преку воздух.
– Вирусот остана ист. Тоа не е некој друг вирус, но на него му се случија некои промени. Тој со преминувањето на човекот дојде до неприродна подлога. Почна да слабее зошто се наоѓа таму каде што не му е природно. Така се прават и живите вакцини, објаснува таа.
Мора да се внимава уште, но вирусот влезе во слепа улица и епидемијата мора да се заврши, вели таа.
На прашањето зошто ни треба вакцина ако вирусот мора да престане, д-р Глигиќ наведува дека вирусот прави огромни штети.
– Додека не дојде до тоа, тој ќе направи огромни материјални и економски штети, рече таа.
Таа смета дека нема да има втор бран зошто ковид 19 ќе ослаби, а со мерките ќе биде искоренет.
– Ако се појави во зимскиот период, ќе има поголем број случаи, но не вака, вели д-р Ана Глигиќ.
Коронавирус повторно ќе се појави кога ќе заврши летото, речиси се сигурни други експерти за заразни болести, но не знаат колку сериозна ќе биде ситуацијата.