Реклама
Новости

Докторите се борат за живот на Бора Чорба – состојбата критична, новите информации не се добри (видео)

Музичарот е во критична состојба

Реклама

Бора Ѓорѓевиќ веќе со денови е во болница

Фронтменот на познатиот рок бенд „Рибља чорба“ е хоспитализиран во одделението за интензивна нега во болница во Љубљана.

И откако здравствената состојба му се влоши тој е приклучен на респиратор и се наоѓа во многу тешка состојба.

Маркетинг

Неговата сопруга Дубравка се уште не се огласила за медиумите, а менаџерот Бане Обрадовиќ ги потврди лошите вести.

Потсетуваме, легендарниот рокер кој го обожаваат на сите простори од поранешна Југославија е роден во српскиот град Чачак.

Маркетинг

Принтскрин/ Пинк

Како што самиот изјави во една пригода, имал трема само кога настапувал во својот роден град, а највозбуден во животот бил кога го добил признанието за почесен граѓанин на местото каде што е роден.

„Моето тело испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“

„Јас сум Чачанец на привремена работа таму некаде надвор, и сите ние што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица да останеме заедно во Чачак“, изјави Бора во шега во една пригода.

„Тоа признание обично го даваат постхумно, а на мене тоа постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Всушност, имам нешто слично во белградската Зоолошка градина, таму постои стаза која се вика ‘Сокачето на Бора’“, изјави Бора.

Песната „Две гитари“ која што ја направи заедно со покојниот басист Миша Алексиќ ја расплака тогаш публиката.

Принтскрин/ Пинк

Бора најпрво ја рецитираше песната на публиката во својот роден град, оставајќи им во аманет својата последна желба.

„Моето тело испратете го во Чачак, во Србија. Во Љубљана оставете го Срцето, нека остане тука. Не трошите пари за џабе, не сум толку важен лик“, изјави легендарниот рокер тогаш пред публиката.

Принтскрин

Жена за која Бора ги напишал најпознати стихови

Малкумина знаат дека Бора своите најголеми хитови и ги има посветено на една жена, Билјана Невајда Шевиќ.

Станува збор за една од најбараните манекенки во 70-тите кога ретко кој во Југославија можел да одолее на нејзиниот шарм.

Тие своевремено се забавувале, а Бора лудо бил вљубен во неа. И токму нејзе и се посветени неговите најголеми хитови.

„Ти си совршенство без мана, ти се дел од војничките сни, ти си кукла од насловните страни и ти требаат пари“, се едни од најпознатите стихови на пејачот посветени на Билјана.

Фејсбук/ Билјана Невајда Шевиќ

Но ова не е единствената песна што Бора ја има напишано за неа.

Имено, Билјана и Бора се сретнаа во една емисија каде тој јавно зборуваше дека бил фасциниран од нејзината убавина.

Потоа, по цели 10 години тие повторно се сретнаа, постари и посериозни, и тогаш Бора и кажал дека никогаш не сретнал поубава жена од неа и дека сака да бидат во врска. Но врската траела само 6 месеци, а Билјана во една пригода откри дека раскинале затоа што немала потполна доверба во него.

Тогаш раскинувањето со убавата манекенка на Бора му паѓа тешко, па настанува уште една легендарна песна.

Кога раскинале, музичарот ја напишал „Остани џубре до краја“, песна која што подоцна стана една од неговите најголеми хитови.

Потсетуваме, здравствената состојба на Бора Чорба не е добра.

Докторите даваат се од себе за да му биде подобри, но најновите информации што пристигнуваат од Љубљана не се добри.

Бора е приклучен на респиратор и се бори со многу силно воспаление на градите, а неговата состојба е критична.

Тој е на одделението за интензивна нега и цел тим доктори е покрај него, а му пристига поддршка од сите страни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button