Реклама
Вирално

Докторите објаснуваат зошто бројот на новозаболени расте, а доволно е само да се почитува ова

Реклама

Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, заменик-директорката на Институтот „Батут“, во интервју за српските медиуми објасни зошто Србија одново како и Македонија се соочува со зголемен број на новозаразени од коронавирус.

Според неа коронавирусот не исчезнал во ниту еден момент, туку цело време циркулира, а бројот на заразени лица се зголемил затоа што граѓаните се вратиле на дневни активности.

Маркетинг

Кисиќ изјави дека таа и многу други експерти зборувале за вториот бран наесен, затоа што се надевале, дури и на ниво на Светската здравствена организација (СЗО), дека топлото време ќе го убие овој опасен коронавирус.

Таа посочува дека граѓаните од такви коментари разбрале, сосема погрешно, дека нема да има вирус до есен.

Маркетинг

“Тие се надеваа дека вирусот ќе замине на одмор и ќе се врати во октомври. Всушност, вирусот никогаш не исчезна, тој секогаш циркулираше. Фактот дека ние и СЗО се надевавме дека времето ќе влијае на него и дека топло време ќе го убие, за жал тоа не се случи “, рече Кисиќ.

Таа потсети дека мерките за спречување на инфекција и ширење на вирусот остануваат исти и дека тие се едноставни – да се носи маска и да се одржува физичка дистанца.

Сите истакнуваме за овој вирус дека не знаеме ништо, дека е голема непознатост за целиот свет, но се покажа дека превентивните мерки, кои на почетокот изгледаа банално, спасуваат од заразување“, наведи доктор Кисиќ.

Токму од тие мерки и колку секој поединец се придржува, зависи интензитетот на вирусот во оптек, додава Кисиќ.

„Ако се однесувавме така 14 дена, тој вирус ќе исчезне“, вели Кисиќ.

Иако, вели, тие превентивни мерки делуваат едноставно, свесна е дека некои од нив се тешко применливи на пример, во јавниот превоз, во земјата и во целиот свет каде што луѓето секојдневно се движат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button