Познатиот физиотерапевт Ребека Ли имаше мозочен удар кога најмалку се надеваше.
Тоа се случило за време кога снимила видео за нејзините 27.000 фанови на Инстаграм, изведувајќи ја јога позицијата што и била предходно побарана, која вклучува стој на раце каде треба да го превитка вратот и нозете.
Ли најпрвин почувствувала замаглување пред очи, а потоа рацете и нозете почнале да се тресат, изјави таа за SWNS.
https://www.instagram.com/p/Bb29CR2HRVH/?utm_source=ig_embed
По извршената КТ скенирање, лекарот ѝ рекол дека десната каротидна артерија е блокирана, што доведува до мозочен удар.
„Кога докторот ми го кажа тоа, мислев дека се шегувам, јас бев убеден дека не е можно вакво нешто да се случи на моите години, но за жал не се пошегував”, рече Ли.
„Фактот дека Ли и се случил мозочен удар е резултат на екстремно или ненадејно движење на вратот што може да биде предизвикано и од силен кашлање или кивање, или со екстремно ротирање на вратата во јога или танцување”, изјави Мерседех Бахр Хосеини, експерт за мозочен удар за магазинот Health.
https://www.instagram.com/p/Boq7Audh1KK/?utm_source=ig_embed
Мозочните удари поврзани со јогата веќе се изучуваат. Студијата од 2013 година откри неколку случаи во кои јогата, а особено стој на главата, доведува до разни повреди. Сепак, посебна студија, објавена една година претходно, открила дека јогата помага да почусвтувате подобрување од мозочниот удар.
Бидејќи нејзината приказна е јавно споделена, Ли е критикувана од многумина поради тоа што не се грижи за нејзиното здравје и за телото.
„За секој коментар што го добив, имаше уште 200 други кои ми рекоа дека сум одвратна, и како треба да умрам следниот пат кога ќе ја направам оваа јога вежба”, пишува таа.
https://www.instagram.com/p/BvcpCp2l6JL/?utm_source=ig_embed
„Ова ми го скрши срцето, бидејќи со мојата приказна сакав да ги охрабрам другите дека мозочниот удар е нешто што може да му се случи на секој од нас, без разлика колку сме стари и колку сме здрави”, додаде таа.
Ли имаше 39 години за време на мозочен удар, но оштетувањето на нервите сè уште влијае на нејзиниот секојдневен живот.